Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Истрагите на СЈО се апсурдни и смешни

1
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 21, 2018 17:02

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги оцени како апсурдни и смешни двете нови истраги на Специјалното јавно обвинителство за стопираниот Попис на населението во 2011 година и за случајот „Актор“, за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Според Груевски истрагите се обиди на СЈО да го дефокусираат вниманието на јавноста од „крупните случувања за редефинирање на државата“.

-После моите реакции во средата не знаев дали за три дена, седум или десет дена ќе дојде ова што дојде. И еве дојде за седум дена ако добро можам да пресметам. Ништо не ме изненади. Првото е поврзано со пописот и навистина не знам дали наредната истрага ќе биде отворена за работи на пример дека некаде сум ручал и на сред ручање сум морал да станам и да заминам па сме направиле штета на буџетот што сме го платиле целото јадење. Во спроведувањето на пописот имаше државна комисија која што си ја туркаше својата работа. Цврсто верувам дека тоа го правеше одговорно и професионално. Сите ние други што сме во политика, веројатно и пошироко граѓаните следевме што се случува гледавме да не има некакви проблеми, но одлуките си ги носеа тие – органите кои што за неа беа назначени. Тие јавно објавија зошто дошло до прекин на пописот. Ова го сметам за уште еден чекор на СЈО во обид да го дефокусираат вниманието на јавноста од она што се случува во земјата, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешното рочиште за случајот „Тенк“ на СЈО.

 

Истрагата „Актор“, според Груевски била уште поапсурдна, бидејќи станувало збор за меѓународен тендер и комисија од составена од луѓе од различни министерства и седум набљудувачи од Европската комисија, од Европската инвестициона банка и од ЕБРД кои учествуваа во финансирањето проектот.

– Тие седум набљудувачи и таа комисија ја донеле одлуката, ја испратиле до Брисел, до Европската комисија е сега не знам колку денови недели ЕК го разгледувала тоа и на крај го вратила со одобрување дека може да се изврши тој избор што е извршен. И потпишан е договорот од претставници на Министерството за финансии и од претставникот, односно Амбасадорот на Европската Унија  во Македонија. Значи тие се потписници на договорот со компанијата Актор. Потоа по извесен период, по некаква пријава или гласини  Европската комисија отворила истрага за да провери дали се било во ред. Истрагата траела не знам колку време и според информациите што ги имам минатата година ревизорското тело на ЕК ги известило владините органи дека ја завршиле таа истрага и дека немаат никакви забелешки на постапката, изјави Груевски.

Актор апсурд истраги Никола Груевски попис СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.