Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Лесно е да плукаш, а ништо да не правиш

0
By Нова ТВ on August 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 2, 2016 15:21

„Лесно е да седиш отстрана и да набљудуваш, уште полесно е да критикуваш и да бидеш деструктивен, да плукаш по се што се прави, што се создава и гради, само да зборуваш, а ништо да не правиш, и тоа го знае мнозинството од овој народ. Јас знам дека местото на политичарот е помеѓу народот, на секоја педа македонска земја, на секоја улица, во секој град и село со народот и со неговите проблеми и не само кога е лесно туку и кога е тешко, кога има мака и кога треба да му се помогне и да му се помогне“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски,во обраќањето на традиционалната Илинденска средба во Трново.

Груевски рече дека секоја неискрена критика, лага и манипулација која ја сервираат неработниците и интригантите завршува во првиот момент од нивното зачекорување меѓу народот.

„Го чувствувам презирот со кој стотиците илјади луѓе со кои се среќавам низ целата држава го имаат кон секој оној кој со кодошлак, со страничен елемент, со неработа и со критика само заради критика, а без суштина сака да оствари своја лична теснограда цел на штета на интересот на државата Македонија“,изјави Груевски.

Пред учесниците на Сенародниот собир во Трново, Груевски најави поинтензивна работа, прогами и стратегии од интерес на граѓаните.

„На овој празник ветувам дека додека ме држи последниот атом од силата ќе работам за да остварам што поголем број ветувања што сум ги дал, ќе решиме што поголем број проблеми, ќе направиме што поголем број проекти и дела, успеси за Македонија, за секој нејзин поединец, за народот. Народот е силата што ја создава државата и кој ја брани и развива таа држава. Народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината“, рече Груевски.

говор Груевски собир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.