Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната средба со жителите на Муртино рече дека неговата изјава во која вели дека револуционерот Андон Ќосето би го решил на негов начин, со ликвидација, лидерот на СДСМ Зоран Заев, била погрешно сфатена во јавноста. Тој вели дека не мислел така и дека тоа се однесувало на тоа време, а сега народот бил тој што ќе го реши неговиот противник.
„Вчера во моето излагање кажав во тоа време во кое живеел што би направил Гоце Делчев. Денеска ја имаме слободна и независна, суверена држава, демократска, во која народот одлучува и во денешно време народот ќе го реши овој проблем на 11 декември со масовно излегување и гласање против СДСМ и политиките на Заев, а со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија – изјави денеска Груевски во Муртино.