Поранешниот македонски премиер и бегалец Никола Груевски денеска е на судско рочиште во Будимпешта, каде што се одлучува за неговата екстрадиција, јавуваат унгарските медиуми. (кликнете на линкот за ВИДЕО)
Тој во Судот се појави со очила за сонце и безбол капа. По барање на адвокатот на Груевски на сослушувањето не се присутни медиумите. Судот, според унгарските медиуми, сослушувањето го закажал утринава.
Македонското министерство за правда испрати ново барање за екстрадиција на Груевски откако тој е осомничен како организатор за крвавиот четврток.
Груевски побегна во Унгарија за да ја избегна затворската казна од две години за „Тенк“.