Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски најавува избори на 5 јуни, Заев тврди дека нема да се одржат

0
By Нова ТВ on May 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев во интервјуа за француската агенција АФП со целосно спротивставени ставови во однос на одржувањето на избори на 5. јуни.

Според Груевски, без оглед на најавениот бојкот, избори на 5 јуни ќе има.

Во многу непријатна ситуација сме, вели Груевски во интервјуто, посочувајќи дека ВМРО ДПМНЕ е единствени од четирите големи партии кои ќе учествуваат на изборите. Интервјуто е водено во седиштето на неговата партија во Скопје, во петокот, на само неколку часа по заминувањето на специјалниот пратеник од Германија.

Инаку Груевски, кој поднесе оставка на функцијата пред половина година по десет години период во кој беше премиер, најавува дека по изборите на 5 јуни експресно ќе свика уште едни избори „за да им даде шанса на граѓаните да бираат“.

Од друга страна пак, Зоран Заев исто така во интервју за АФП изјави дека е убеден дека изборите закажани за 5 јуни нема да може да се одржат, но и дека македонскиот парламент ќе се состане набрзо.

Тој вели дека изборите треба да се одложат додека не се создадат услови за фер и слободни избори, што со исполнување на условите би можело да биде на есен.

„Парламентот се самораспушти минатиот месец со цел да направи пат за изборите кои се дел од Пржинскиот договор со цел да се прекине политичката криза, но СДСМ и две други клучни партии одбија да поднесат кандидатски листи“, пишува француската агенција АФП.

„Знам дека нема да има избори на 5 јуни. Сите знаеме дека изборите ќе бидат одложени“, вели заев за француската агенција.

Заев вели дека очекувал сите политички партии уште минатата недела да го повикаат претседателот на парламентот да најави состанување на парламентот, што според него дозволуваат и законите во Македонија. Тој истакна дека Државната изборна комисија исто така најави дека не може да има фер и демократски избори.

Груевски Заев избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.