Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски од Дрaслaјца: Ќе има канализација кога ќе се вратиме на власт

0
By Сашка Цветковска on August 26, 2017 ПОЛИТИКА
Груевски во Дрслејца
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 26, 2017 19:12

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски продолжува да шета по селата и приградските населби низ Македонија. Оваа турнеја започна пред околу една недела, а претставува „теренски проверки и увиди на лице место на градежни и други работи“ на претседателот на опозицијата.

Денеска Груевски го таргетираше струшкиот регион. Орво дојде во селото Дрaслaјца. На лице место рече од увидот заклучил дека е завршена спортската сала, исчистен е и каналот, но немоќен беше да одговори зошто нема канализација. Сепак, Груевски даде збор дека и тоа ќе има кога „ќе се вратат на власт“, пренесува порталот „Курир“ чијшто тим редовно го следи Груевски на терен.

„Останува понатаму да се види околу завршување на изградба на канализационата мрежа, што беше ставена во нашата изборна програма, но за жал не се реализира составувањето на Влада, така што сигурно ќе остане и во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт да се направи канализационата мрежа’, рече претседателот Груевски од Дрслејца.

По Дрaслaјца агендата на Груевски продолжи да се остарува во набиено темпо. Тој ги посети и Боровец и Лабуништа.

Груевски во Лабуништа

За разлика од Дрслејца,  Груевски со жалење констатираше дека во Лабуништа, за жал, не стасал да направи спортска сала. Но  им напомена дека иако останале многу нешта ненаправени, да останат без грижи бидејќи ќе се направеле.

Лабуништа е големо место, таму имаше потреба од изградба на спортска сала, таа изградба тргна, но по неколку месеци запре поради геодетски работи, кои што требаше да се средат.

Тој напомена дека Лабуништа има многу работи кои треба да се завршат и тие ќе останат во контакт со граѓаните, за тогаш кога ќе имаат можност да го направат она што тие го бараат да го направат, „Курир“ опишува како течел разговорот помеѓу Груевски и селаните.

По Лабуништа, теренските проверки не завршиле, па така Груески продолжува во селото Боровец. И таму констатира што недостига, а што е направено, но ветува дека се ќе се  доправи.

Груевски во Боровец

По Боровец, Груевски реши да го искористи целиот ден работно и замина во селото Јабланица каде го дочека незадоволство оти секоја зима биле отсечени од цивилизација поради тоа што никој не го чистел патот.

Груевски во Јабланица

Како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  од она што го слушнал од граѓаните е дека патот треба да почесто да се чисти, што е работа на општината, особено чистење во зима, бидејќи тие ако се натрупа со снег патот, тие не можат да излезат од таму, пренесува „Курир“ дел од атмосферата во Јабланица при посетата на Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.