Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски побара итно ослободување на приведените

2
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оцени дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.

– Бараме итно и безусловно стопирање на малтеретирањата, теророт и изживувувањето кое го прави СДСМ. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон, рече на прес-конференција во партиското седиште Груевски најавувајќи дека ќе се приклучи кон учесниците на протестот што се одржува пред Основниот суд Скопје 1,  каде трае распитот на приведените лица.

Груевски оцени дека премиерот Зоран Заев и СДСМ, како што рече,  брутално удираат кон тие што мислат и делуваат македонски.

– Ова е последниот чин на пресметка со слободно мислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањете на државата против тиранската платформа, а против насилието на власта. Против секој кој мисли македонски и се грижи за  националните интереси. Во прашање е државата. Ова не е правда, веќе законите и Уставот не важат, ова е заробена држава, рече Груевски.

Според Груевски, ударот е и врз пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која, како што рече, не успејаа да ја разградат на друг начин и сега се оди на физичка елиминација на нејзината компактност, за во Собранието да помине се што сакаат и е се наоѓа на дневна агенда.

Ова, потенцираше Груевски е последниот час кога ќе треба да се изреагира за да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води таа битка за правдината и за татковината и ќе биде на чело на таа светла битка со идеја, со чест и со име. Таа битка ќе биде тешка и долга, но мора и ќе резултира со победа, рече Груевски.

Секаде со народот, тоа е нашата максима која ја остваривме. На улиците, по домовите, секаде каде што треба, нагласи Груевски дополнувајќи дека сите кои се дел од како што рече од овој политички прогон, треба да знаат дека тркалото се врти.

Вечерта на 27 април, откако полицијата ги расчисти насилниците од Собрание, Груевски излезе на вонредна прес-конференција и побара полицијата да ги најде и казни сите насилници.

– Прво, сакам да го осудам насилството кои поединци го направија напаѓајќи и лично повредувајќи поголем број пратеници. Никогаш не сум оправдувал насилство, независно кој и зошто го предизвикал. Повикувам институциите да направат брза и ефикасна истрага, и да ги откријат виновниците и да обезбедат докази, а веднаш потоа да ги изведат пред суд оние кои им нанесоа повреди на пратениците, граѓаните и на полицајците“, рече Груевски на прес-конференција во партиското седиште.

27.април апсења МВР Никола Груевски прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.