Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски поднесе имотен лист – има повеќе кеш и повеќе уметнички слики

1
By Нова ТВ on February 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Груевски има заштеди од околу 230,000 евра, а пријавил и нови осум уметнички слики. Од нив 180,000 ги заштедил додека бил премиер. Најмногу пари штедел во 2014 година или по 10,000 евра месечно.

Антикорупциската комисија денеска ги објави имотните листови на новите пратеници во Парламентот. Анкетниот лист на поранешниот премиер, Никола Груевски, сега повторно е ставен на отчет на јавноста. На интернет страната на Антикорупциската комисија достапни се имотните листови само на актуелни функционери.

Неговиот анкетен лист беше отстранет веднаш откако си поднесе оставка од функцијата, во јануари 2016 година, а тогашниот претседател на комисијата, Горан Миленков, не сакаше да им открие на новинарите со колкав имот заминал Груевски по десетгодишно владеење. Но, под силен притисок, тој одржа специјална прес конференција за имотната состојба на екс премиерот и рече: „Да го затвориме ова прашање, за век и векова. Амин“.

Според најновата имотна состојба, која што ја пријавил Груевски, тој нема недвижен имот, туку само пари и уметнички слики. Ако се соберат парите од сите сметки, Груевски има 48.265 евра, 7318 швајцарски франци, 250 долари, 600 британски фунти и 10036572 денари ( 163.196 евра). Од нив 8.000 евра се на име на неговата сопруга, Боркица.

Никола Груевски, најдолговечниот премиер во Македонија, нема недвижен имот на негово име, ниту на име на сопругата. Во имотниот лист тој пријавил само дека поседува 33 уметнички слики во вредност од 10.975 евра. Нема заеми и нема кредити.

Груевски на функцијата претседател на Владата стапува со имот од 43.000 евра, а медиумите тогаш го опишуваа како најсиромашниот човек во Владата. Пред помалку од една година опозицијата пресмета дека само во 2015 година Груевски заштедил 118 илјади евра или секој месец тргал настрана по речиси 10,000 евра.

На Груевски му е зголемен и бројот на уметнички слики – сега има 33, а во 2015 имал 25.

И натаму останува непознато на чие име е станот или становите на улицата „Павел Шатев“ во Скопје во кој живее. Опозицискиот СДСМ во 2011-та откри дека на името на мајката на премиерот Надежда Груевска има четири стана. Но, тогашниот состав на Антикорупциската комисија немаше начин како да истражува, затоа што Груевски престанал да живее во заедница со родителот и со тоа автоматски немал обврска да ги пријави становите на мајка му.

 

Во објавените аудио материјали од нелегалното прислушување, според тврдењето на опозицијата Груевски наводно, сакал на Водно да купи имот вреден 17 милиони евра.

Груевски: Тоа ми е многу итно да знаеш. Дури и поитно од ова.

Јанакиески: Добро.

Груевски: Тоа е многу поголемо, тоа го начекав за џабалак, ти кажав.

Јанакиески: Знам, знам.

Но, за овој разговор меѓу Груевски и екс министерот Јанакиески, засега ни Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, ниту Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, нема отворено предмет.

Антикорупциска комисија имотен лист Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.