Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски се бара со национална потерница

0
By Нова ТВ on November 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 13, 2018 07:32

Поранешниот премиер Никола Груевски се најде на интернет сајтот на Министерството за внатрешни работи за потраги, откако по него од вчера е распишана национална потерница.

-Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ – е тексот со кој е проследена фотографијата.

По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата од Кривичен.

Потерницата следи откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката на жалбата на Кривичниот совет за одложување на затворската казна, а и такви обиди беа направени и вчера.

Во вечерните часови, тимови на МВР прво беа во домот на Груевски, на адресата каде и претходно го бараа, а исто така и во подземните гаражи кај седиштето на партијата.

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција обвини дека партијата е под полициска опсада.

–  Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку – рече Јанушев.

Тој рече дека екс лидерот на партијата и почесен претседател Никола Груевски не е во партиското седиште.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски кој не беше на прес конференцијата, на Фејсбук ја обвини власта за правење на „евтин театар“ и дека неоправдано го посочува прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого.

-Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа – прашува Мицкоски.

– Доколку полицијата поседува налог и навистина се сомнева дека Никола Груевски е во штабот може слободно да дојде и со нас да провери. Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку, кажа Јанушев.
Шестмина од МВР биле задолжени за обезбедување

Никола Груевски, како поранешниот премиер, согласно законот, има право на физичко обезбедување од Шестата управа во траење од 10 години. Го обезбедуваат шестмина припадници на Одделот за заштита на определни личности и објекти при МВР. Според правни експерти, шестмината полициски службеници не се 24-часовно ангажирани за неговото обезбедување, односно работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

Екс премиерот покрај во случајот „Тенк“ во кој е осуден со правосилна пресуда на казна затвор од две години, се јавува како осомничен и во уште неколку случаи отворени од СЈО: Насилство во Центар, Титаник и Траекторија.

Груевски потерница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.