Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски за ХРТ: Платформата е уцена

0
By Нова ТВ on March 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 5, 2017 20:55

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Хрватската радиотелевизија вели дека со прифаќање на платформата на албанските партии во земјата на некој начин е извршен државен удар.

-Ако по изборите носите платформа која е составена во друга држава, а која се однесува на нашата земја, Македонија, ако таа платформа не ја потврдиле граѓаните на изборите, не се усогласиле во врска со неа, и ако таа платформа не е во согласност со Уставот- тогаш станува збор за уцена. Граѓаните таа платформа не ја познаваат и не гласале за неа на изборите, вели Груевски во интервјуто за ХРТ.

На прашањето, зошто тнр, албанска платформа е спорна за него, имајќи предвид дека и самиот тој слично нешто потпишал во 2008 година, Груевски вели дека тоа било нешто сосема различно.

-Она што денеска се прави оди кон бинационална држава, спротивно е на Уставот на Македонија и ги занемарува другите малцинства. Таквата платформа не е најавена во предизборната кампања и потпишана е во друга држава, под покровителство на премиер на друга држава – Еди Рама, што го потврди и една партија која учествува во неа- Беса, изјави Груевски.

Тој вели дека ВМРО ДПМНЕ на СДСМ и понудила алтернатива за со неговите 51 пратеник и 49-те на СДСМ да имаат 100 пратеници со кои би формирале влада.

-Зоран Заев нека биде премиер, но нека се откаже од платформата составена во Тирана, вели Груевски, додавајќи дека постојат два начини за решавање на кризата и дека тие два начини ВМРО ДПМНЕ ги предложиле.

-Еден од начините е предвремени избори во мај, заедно со локалните, на кои Заев би настапил со палтформата. Вториот начин е Заев да ја прифати понудата на ВМРО ДПМНЕ да се откаже од платформата и да добие малцинска влада со поддршка од ВМРО ДПМНЕ, вели Груевски за ХРТ.

Вчера хрватскиот јавен сервис објави интервју и со лидерот на СДСМ Зоран Заев во кое тој вели дека не очекува насилства и судири.

интервју Никола Груевски ХРТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.