Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Група „Охрид“: На 30 септември имате историски избор, кажете „ДА“

0
By Нова ТВ on August 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„На 30 септември ќе имате можност да направите историски избор. Дали сакате да го отворите патот за членство на вашата земја во НАТО и во ЕУ со поддршка на договорот со Грција? Ние, Групата „Охрид“, ве повикуваме да кажете „Да”.

Ова се нагласува во обраќањето на Групата „Охрид“ до граѓаните на Македонија, во пресрет на есенскиот референдум за Договорот со Грција со кој се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ по долгогодишниот застој поради спорот за името меѓу Скопје и Атина.

Групата „Охрид“  е неформална група што ја сочинуваат актуелни и поранешни и политичари и високи меѓународни претставници, што беше формирана во април годинава за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.

Во групата членуваат лорд Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО, како нејзин претседател, Карл Билт, поранешен специјален претставник на ЕУ и ОН за Балканот, Хавиер Солана, поранешен генерален секретар на НАТО, Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Бугарија, Ален Ле Роа, поранешен специјален претставник на ЕУ во Скопје, амбасадорот Волфганг Ишингер, претседател на Минхенската конференција за безбедност, амбасадорот Роберт Гелбард, поранешен специјален пратеник на САД за Балканот, Дејмон Вилсон, потпретседател на Атланстксиот совет и политичкиот аналитичар Зоран Чичак.

МИА го пренесува објави целосниот текст на обраќањето:

„Ние сме група од искусни меѓународни државници, дипломати, армиски функционери и експерти, кои се длабоко ангажирани во помагање на вашата држава во последните дваесет години. Многу од нас се со вас од раните години на овој век, вклучувајќи ги и преговорите за Охридскиот договор. Бевме исто така дел од следните операции на НАТО.

Горди сме што можеме да помогнеме во надминувањето на тешките времиња. Сите ние оставивме дел од нас во вашата прекрасна земја, и затоа сакаме да ве видиме како одите напред, кон едно подобра иднина што вие заслужувате.

Во средината на јуни оваа година, владите на Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор за името на Македонија и со тоа заврши спорот кој трае предолго. ЕУ и НАТО го признаа успехот и ве поканија да се придружите, ако го поддржите договорот со Грција. Вашиот парламент гласаше за референдум на 30 септември, кога ќе можете да ја покажете оваа поддршка. Размислете, овој момент е „сега или никогаш” за вашата земја, за вас и за иднината на вашите деца.

Вашата влада и Грција не преговараа како актуелни ривали, туку како утрешни пријатели. Многу од нас се сеќаваат на лошите денови за Западен Балкан од 90-тите години, кога преовладуваа етничките судири, насилството и недовербата. Економскиот и социјалниот напредок беше прекинат. Тие денови мора да останат во минатото. Членството во НАТО нуди сигурносна гаранција. Членството во ЕУ ќе донесе економски раст, инвестиции, работни места и пристап до европски програми кои ќе го подобрат вашиот живот. Со членството во двете организации, вие ќе бидете дел од западноевропското семејство на нациите, кои се насочени кон иднината, и тоа е она што навистина е важно за луѓето, а не старите битки и ривалства, кои припаѓаат на историјата.

Вашата и грчката Влада преговараа како вистински демократски влади кои имаат длабока почит кон човековите права, владеењето на правото, слободата на медиумите и останатите основни европски вредности. Тоа е причината зошто тие можат да си веруваат едни на други и да постигнат договор кој во минатото беше многу тешко да се постигне. Ова се вредностите што треба да ги поддржувате кога ќе се изјаснувате на 30 септември. Вредности кои се основа на ЕУ и НАТО. Гласот „За” не ги решава сите проблеми, ниту членството во ЕУ, но тоа отворање на патот, Ви дава јасна цел и легитимно уверување дека ќе биде исполнета.

Вашата земја можеби е мала, но има горда историја. Сте имале различни битки. Сепак, вашите идни напори треба да бидат насочени кон обезбедување подобар живот во наредните години. Вашите идни напори треба да бидат фокусирани на обезбедување подобар живот во наредните години. Заслужувате повторно да се качите на една многу поголема сцена, за да можат вашите сограѓани да станат сведоци на тоа како нивните таленти им обезбедуваат просперитет и можности како дел од европската заедница. Ова е моментот „Сега или никогаш”.

Гласањето „За“ ќе биде глас за иднината: твојата иднина. Ова е ваш избор, ве повикуваме да го стори тоа, се навадува во обраќањето на Групата „Охрид“.

Група Охрид референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.