Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Група родители со иницијатива до Собранието да се укине задолжителнoто вакцинирање

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2019 11:55

Граѓанска организација на родители достави иницијатива до Собранието за измени на  Законот за заштита на населението од заразни болести со која се бара вакцинирањето на децата да не биде задолжително, туку родителот да има право на избор дали детето ќе се вакцинира и кога.

За иницијативата денеска требаше да се расправа на Комисијата за политички систем, но седницата беше одложена поради немање кворум и дебатата ќе започне по претседателските избори.

„Ние не сме антиваксери, но бараме родителите да имаат право да изберат дали ќе го вакцинираат детето или не “ рече Елена Павлеска, предлагач на иницијативата, на која се  потпишани 130 родители.

„Додека не сме сигурни дека вакцините се безбедни, ќе има борба меѓу родителите како нас од една страна и министерот за здравство“ додаде таа.

Павлeска не сакаше да коментира врз основа на кои сознанија и факти ги базираат сомневањата за безбедноста на вакцините и дали во време на епидемија на морбили ваква иницијатива е корисна.

Поради зголемен број на заразени деца од морбили, на 2 јануари годинава беше прогласена епидемија во Скопје. Причина за ширење на заразата според здравствените власти беше намалениот број на  вакциницирани деца кој бил околу  70 проценти, а за да се гарантира колективното здравје потребно е да бидат вакцинирани околу 95 проценти од популацијата.

На децата кои не беа вакцинирани им беше забрането да одат во градинка или на училиште.

Од компликации на вирусот во Скопје починаа неколку лица, меѓу кои и бебе од 6 месеци.

Пред десет дена, епидемија на морбили беше прогласена и во Струга.

вакцини задолжителни родители Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.