Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓукановиќ е шеф на мафијата- велат колегите на застреланата новинарка

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црногорските новинари денеска ќе протестираат пред Владата во Подгорица по синоќешниот напад врз новинарка на „Вјести“ во која беше пукано пред влезот на зградата во која живее.

Директорот на „Вјести“ Жељко Ивановиќ вели дека нападот ја „дефинира Црна Гора како мафијашка држава, а Ѓукановиќ како покровител на мафијата“. Тој исто така рече  дека Ѓукановиќ воспоставил таков систем на вредности и  општество во кое не му се гарантира безбедноста на ниту еден чесен човек. Колегите на ранетата новинарка посочуваат дека секогаш кога Ѓукановиќ ќе повика на линч, ширење на говор на омраза и ќе го таргетира „Вјести“ се случуваат напади кон нивните новинари.

И косопственикот на весникот Мишко Перовиќ вели дека не може, а да не се забележи дека „секој пат кога „гоподарот на Црна Гора“ ќе го критикува „Вјести“, следува пресметка со нас„.

Кон новинарката на црногорски „Вјести“ Оливера Лакиќ беше пукано синоќа околу 21 часот пред зградата во која живее. Таа е застрелана во потколеницата и е надвор од животна опасност. Во неа пукал маж кој избегал  заедно со уште две лица. Се претпоставува дека тие ја чекале новинарката да се врати дома, скриени зад грмушки.  Лакиќ, на истото место била претепана пред 6 години. За овој случај, полицијата осудила едно лице, но без да ги открие мотивите за нападот и нарачателот.

„До кога веќе до кога ова ќе се случува во Црна Гора“ се прашува главниот и одговорен уредник на „Вјести“ Михајло Јововиќ кој додава дека досега не е истражен ниту еден случај на проневера и криминал за кои пишувала новинарката.

Новинарката Лакиќ во изминатите месеци пишувала за шверц на цигари. Таа уште во 2011 година пишувала дека  во фабриката „Тара“ се произведувале и се шверцувале лажни брендови на цигари и дека во овие незаконски дејствија се вклучени и полициски службеници и припадници на Агенцијата за Национална безбедност.

Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ побара брза и ефикасна истрага од надлежните за откривање на мотивите на нападот, напаѓачите, соучениците и наредбодавачите.

 

Вјести протест ранета новинарка Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.