Порастот на бројката на новозаразени од ковид-19, го вклучи алармот на здравствените власти но и на многу јавни личности кои коментираат дека како луѓе очигледно не сме се држеле многу до препораките за да спречиме ширење на заразата. Меѓу оние со јавни статуси на социјалните мрежи е и универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски.

-Ако преживееме во првите 20 дена од Новата година како резултат на лудите журки низ Скопје ќе бидеме ново светско чудо‼️

За жал неможевме да бидеме исклучок од правилото,зошто веројатно се одлучивме да градиме и колективен имунитет,иако и тој сега многу неможе да помогне. ⚠️

Меѓу две Влади, дали владиниот комитет за управување со кризи го распуштивте,составува нова Влада или до Божиќ се на продолжен одмор додека се најде нова жртва на Илинденска бб⁉️

✅Венко отиде👉Сега кој нов министер за здравство ќе Ви биде крив за се⁉️

👉На Македонија очигледно не и треба политичка туку експертска или техничка Влада која во следните 12 месеци некои работи ќе ги сработи, ќе ги фати “дизгините” и некои нешта ќе ги каже со вистинското име и презиме‼️

Сега Дајте тоа музиката од кафаните и кафе баровите од Новата година поднамалете ја.

✅Иако неколку дена сме во Новата бремето од старана ни остана.

✅Инаку сеуште трае кризната состојба, а било кои мерки и карантин се доцна. ⚠️На крајот секој од нас од својата глава си пати ❎Но ајде да не тупам. 👇👇👇👇