Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гутереш до САД и Кина: Светот е на раб на бездна, ни треба дијалог и разбирање за соработка

0
By Sashko on September 21, 2021 СВЕТ
Фото: unscol.unmissions.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на отворањето на годишната сесија на Генералното собрание на светската организација денеска ги предупреди САД и Кина за можно ново влошување на ситуацијата во светот кој „веќе е на работ на бездна“ и ги повика двете светски водечки економии за дијалог и разбирање.

Се соочуваме со најголемата криза во нашите животи. Се плашам дека нашиот свет се движи кон два различни типа на економски, комерцијални, финансиски и технолошки регулативи, кон два различни пристапа во развојот на вештачката интелигенција и конечно кон две различни воени и геополитички стратегии, рече Гутереш.

Тој додаде дека тоа е рецепт за проблеми и дека ќе биде многу помалку предвидлив од Студената војна.

„За да ја вратиме довербата и да инспирираме надеж, потребна ни е соработка“, рече Гутереш на собир на светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој одлучи лично да дојде во Њујорк и покрај кризата со ковид-19.

Треба да разговараме, ни треба разбирање. Треба да инвестираме во спречување, одржување и консолидација на мирот. Потребен ни е напредок во нуклеарното разоружување и нашите заеднички напори за борба против тероризмот. Потребни ни се активности базирани на почитување на човековите права, порача првиот човек на ОН.

Гутереш нагласи дека геополитичките поделби ја поткопуваат меѓународната соработка и го ограничуваат капацитетот на Советот за безбедност на ОН да ги донесе потребните одлуки.

Во исто време, ќе биде невозможно да се соочиме со драматични економски и развојни предизвици, додека двете најголеми светски економии не се согласуваат, рече шефот на ОН, посочувајќи на Пекинг и Вашингтон.

Антонио Гутереш дијалог Ковид-19 ОН; САД; Кина Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.