Хакери се обиделе да продрат во електронската пошта на пратениците и нивните соработници на британскиот Парламент.
Поради нападот британските министри и пратеници вчера немаа пристап до електронската пошта.
Властите не наведуваат дали и какви информации се украдени.
Националниот центар за кибер безбедност и Националната агенција за борба со криминалот го истражуваат инцидентот.