Европската централна банка (ЕЦБ) денеска затвори една од своите веб страници откако беше хакирана и заразена со вирус.
Во соопштението на ЕЦБ се вели дека доверливите податоци не се загрозени, но можеби се украдени електронски пошти и имиња на претплатниците на билтенот на Банката „Интегриран речник за известување на банките“ (БИРД).
БИРД е еден од сајтовите кои ги користи централната банка за да им помогне на финансиските институции да ги исполнат стандардите за известување, утврдени од светските регулатори.