Ако за некого пораките од ЕУ и САД, од пред Пржинските договори се до изборите беа дипломатски и партиите можеа да ги толкуваат различно, вчерашната порака на еврокомесарот Јоханес Хан до лидерите е јасна: „Македонија нема време за губење, Иванов да ја преиспита одлуката да не го додели мандатот, треба да се почитува, според Уставот, создавањето на парламентарно мнозинство“.
Сите лидери на партиите кои вчера се сретнаа со Хан, освен Никола Груевски, дадоа изјава и во секоја од нив истата порака, односно дека Собранието треба да почне да функционира и што побрзо да се формира влада која ќе работи на реформската агенда од Прибе за да ја врати Македонија на евроатлантскиот пат.
[polldaddy survey=”8A989992862E61CA” type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се
допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]