Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Од Заев очекуваме реформи но и ЕУ треба да даде свој придонес

0
By Светлана Јовановска on June 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) ќе направи се за да се овозможи враќање на позитивната препорака за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ и “се надевам дека ЕУ ја научи лекцијата и дека ќе најдеме решение барем да почнеме преговори”, изјави комесарот за проширување Јоханес Хан половина час пред средбата со Зоран Заев и неговите министри за надворешни работи, одбрана и ЕУ интеграција.

Хан даде неколку клучни изјави пред новинарите во Брисел пред да замина на средба со Заев.

Така, тој смета дека формирањето на новата влада не е доволен аргумент за да се обнови препораката за преговори за членство во ЕУ и дека сега се очекуваат неопходните реформи за кои ЕК зборува веќе две години. И спорот со името најде место во изјавите на Хан.

Според него, реформски напори во Македонија немаше во последните години и сега е време за работа:

“Тоа беше загубено на радарот на реформите во Скопје поради застојот по изборите. Но сега тоа е клучно. Мора да се применат реформите.

Рајнхард Прибе ќе дојде овој месец во Македонија а во јули ќе оди со целата негова екипа за да рестратрира инцијативата и поддршката за владата, Потребни се први трајни чекори за Итните реформски приоритети се за да се добие позитивната препорака. Само формирањето влада не е доволно. Сакаме да видиме реформите да почнат и продолжат на есен”, изјави Хан.

Потоа, на новинарско прашање за влез во НАТО и преговори со референцата ПЈРМ, Хан изрази надеж дека земјите членки на ЕУ ја научиле лекцијата од Македонија:

“Прерано е да се зборува, но она што можам да го кажам е дека ќе направиме се да овозможиме преговори ако Скопје го направи неопходниот напредок – позитивна препорака од нашата страна”.

Колку се виновни Софија и Атина за кризата во Македонија

На прашањето дали смета дека Софија и Атина се делумно виновни за кризата во Македонија, Хан одговори:

“Се надевам дека ЕУ ја научи лекцијата и дека ќе најдеме решение барем да почнеме преговори”.

И додаде:

“Во врска со доброседските односи, знам дека има добри лични односи помеѓу Борисов и Заев и се надевам дека тоа ќе се исплати. Знам дека имаше први контакти меѓу нив и за тоа ќе дискутираме. Но претпоставувам дека сите земји членки разбрале дека ефектот од неможноста да се почнат преговори доведоа до настаните што ги видовме во последните две години. Оттука претпоставувам и се надевам дека ќе дојде до промена на размислувањата. И ние треба да испорачаме до нашите колеги и пријатели во Скопје”, охрабрувачки изјави Хан.

Додека Хан зборуваше со новинарите во Брисел, Заев и неговата министерска екипа се сретнаа со шефицата на ЕУ дипломатија Федерика Могерини и со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск.

Како што соопштија од Кабинетот на Заев, тој на средбата со Могерини рекол дека целта е до есен „да обезбедиме доволен прогрес во клучните реформски области, со што ќе дадеме доволно аргументи на Европската комисија да презентира нов извештај пред земјите членки, со обновена препорака за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ“.

Тој на средбата нагласил дека е важно отворањето на поглавјата 23 и 24 од претпристапните преоговори.

Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Могерини, изразила цврста поддршка на реформските напори на новата Влада и најави дека Македонија има силен сојузник во ЕУ при спроведувањето на реформите. Пораката од високата претставничка од ЕУ, Могерини е дека ако реформите бидат спроведени, Европската унија е подготвена да возврати, се вели во соопштението. 

Потоа следува средбата со Хан а попладне во првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг.

Атина добрососедски односи Зоран Заев Јоханес Хан препорака за преговори Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.