Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан изрази оптимизам дека спорот во врска со името  би можел да се реши во следните 15 дена.

“Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на пристапните преговори  со ПЈРМ “, изјавил тој  пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, а пренесува Катимерини.

“Мислам дека сите се согласуваат дека ова ќе биде корисно за земјата, за општеството и целиот регион на Западен Балкан”, додаде тој.

Хан рече дека земјава  ја надминала длабоката политичка криза и постигнува напредок во спроведувањето на реформите и во одржувањето на добрососедските односи, но предупреди дека „нема време за самозадоволство“.