Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан во Скопје: Реформите на прво место

0
By Нова ТВ on June 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичката криза заврши, реформите мора да се на прво место, ова е пораката којашто еврокомесарот Јоханес Хан ја испрати пред неговото пристигнување во Скопје во понеделник. Тој најави средба со владата, но и со политиките партии на коишто ќе се зборува за плановите и реформите на новата Влада во Македонија со цел спродување на евроинтеграциите.

„Земјата, со континуирана помош од Европската Унија, конечно ја надмина политичката криза преку добро спроведени избори и со формирањето ја новата Влада. Сега новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да се врати земјата на нејзиниот пат кон ЕУ-интеграцијата. Реформите мора да бидат спроведени за да се подобри животoт на луѓето, да се работи на стабилноста, напредокот и правдата. Затоа ѝ дадов задача на групата на независни правни експерти, предводена од Рајнхард Прибе, да помогне и да ја советува новата влада за прашањата за системското владеење на правото“, напиша Хан вчера во соопштението испратено од Комисијата.

Владата вчера одржа таканаречена инклузивна консултација со невладиниот сектор и медиумите, каде беа предложени пет теми за работни групи кои ќе дадат свој придонес кон Итните реформски приоритети.

„Намерата на Владата е до крајот на годината, Република Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија, а идната година да добиеме датум за почеток на преговорите за полноправно членство. Обезбедивме позитивен политички амбиент за овие цели“, рече вчера Зоран Заев, потенцирајќи дека тоа е препознаено и од Брисел и од Алијансата.

Зоран Заев Итни реформски приоритети Јоханес Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.