Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека во петокот во Брисел не одржал заедничка прес-конференција со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини поради „доцнење“ и дискусии кои „одземале малку повеќе време“, а не затоа што таа се навредила поради неговото барање да се зголеми учеството на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Телевиозијата РТК2 пренесе дека Харадинај одржал прес конференција во Приштина по повод учеството на Советот за асоцијација и стабилизација во Брисел со Могерини.
И портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич во петокот како причина за откажувањето на прес конференцијата ја наведе пренатрупаната агенда на високата европска претставничка.