Србија е непријател на Косово и не може да биде партнер на Косово се додека не ја признава оваа млада држава, изјави денес кандидатот за премиер на Косово Рамуш Харадинај во интервју за косовската телевизија РТК, изјави дека Србија е непријател на Косово.
На прашањето на новинарот дали Србија е партнер на Косово тој рече:
“Веројатно се шегувате. Погрешно е да го прашате идниот премиер дали Србија е партнер. Србија не е партнер, партнер ми е Албанија. Брат и сестра прво ми се Албанците, тие кои ме сакаат. Хрватска ми е партнер, партнери ми се Австрија, Германија. Србија е непријател”.
Харадинај е кандидат за премиер на коалицијата составена од Демократската партија на Косово, Алијанса за иднината на Косово, Инцијатива за Косово и 10 помали партии.