Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хашим Тачи – од политички лидер, премиер и претседател, до обвинителна клупа во Хаг

0
By Соња Крамарска on April 3, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето во Хаг на некогашната воено-политичка ѕвезда на Косово Хашим Тачи денес е главна вест во регионот. Тој и неговите соборци од врвот на ОВК Кадри Вејсели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Стартот на судењето предизвика најразлични реакции од демонстрации во Приштина до оправдувања на западните амбасадори во Косово дека не и се суди на ОВК туку на поединци.

Амбасадорот на Германија во Приштина Јерн Роде денеска оцени дека Специјалниот суд во Хаг не и суди на Ослободителната војска на Косово (ОВК), туку на поединци од ОВК кои се обвинети за тешки воени злосторства. Во иста насока даде изјава и амбасадорот на Велика Британија Николас Ејбот дека предмет на судење не се ни ОВК, ни борбата за слобода на Косово, туку е на дело посветеноста за постигнување правда за сите жртви на воени злосторства и злосторства против човештвото.

Во меѓувреме, биографијата на Тачи повторно стана актуелна поради брзината со која тој ги освои политичките височини, но и неговото воено минато, кои прецизно ги отсликуваат бурните случувања на Косово од отцепувањето од Србија до прогласувањето државност, и напорите на меѓународната заедница и покрај недвосмислената поддршка на осамостојувањето да ги казнат поединците кои ја пречекорија линијата при вооружените судири на тој пат.

Хашим Тачи (55), со воен прекар „Змија“, беше еден од главните основачи на Ослободителната војска на Косово (1992), а во воените години беше политички лидер на ОВК.

Во 1997 година, српскиот суд во Приштина ги осуди Тачи и група припадници на ОВК, предводени од Адем Јашари, во отсуство, на неколку години затвор за подготовка на кривично дело тероризам.

Во својот политички живот Тачи првенствено беше вклучен во Народното движење за Република Косово, во периодот 1983-1993 година. Тој беше лидер на студентското движење во периодот 1990-1993 година.

Во октомври 1999 година ја основа Партијата за демократски напредок на Косово (ППДК), а на првото изборно собрание (2000 година) Тачи беше избран за претседател на Демократската партија на Косово (ПДК).

Во текот на 2005-2007 тој беше дел од делегацијата за време на преговорите предводени од специјалниот пратеник Марти Ахтисари, чиј сеопфатен предлог доведе до прогласување на независноста на Косово. Од март 1999 до јануари 2000 година беше премиер на привремената влада на Косово.

Една деценија подоцна – по победата на Демократската партија на Косово на парламентарните избори, тој беше избран за премиер на Косово во јануари 2008 година, а на 17 февруари во Собранието на Косово беше првиот меѓу оние кои прогласија независноста на Косово.

На функцијата претседател на Косово дојде во 2016 година. Цело време беше на власт додека меѓународните истражни тимови собираа податоци за злосторствата извршени од ОВК.

Во Косово се шпекулира дека Тачи не се спротивставил на формирањето на судот и иницирал формирање на комисија за вистина и помирување, со надеж дека ќе биде поштеден од обвинителната клупа. Сепак, тој не ја избегнуваше. На почетокот на ноември 2020 година отиде во притворското одделение во Хаг, а претходно поднесе оставка од функцијата претседател на Косово – функција на која беше четири години.

И покрај имиџот што го имаше во српската јавност, Тачи стана главен преговарач во Брисел и како премиер на Косово го постигна првиот договор за нормализација на односите со властите во Белград во рамките на преговорите што ги води ЕУ од 2011 година. Договорот го парафираа премиерот на Косово Хашим Тачи и тогашниот премиер на Србија Ивица Дачиќ.

Хашим Тачи и неговите колеги ги имаат најскапите адвокати, како што тоа впрочем беше случај и при досегашните судења на косовоските политички лидери на ОВК. Адвокатка на Рамуш Харадинај беше Чери Блер, сопругата на бившиот британски премиер Тони Блер. Сега на Вејсели му е адвокат славниот Бен Емерсон кој беше еден од судиите во Хашкиот трибуналот, додека во тимот на Тачи е Пјер Ричард Проспер.

Апсењето и префрлањето на водачите на ОВК во Хаг предизвика политички земјотрес во Косово, албанската дијаспора се крена на нозе, лобирањето отиде толку далеку што еден Frankfurter Allgemeine Zeitung објави текст со наслов „Во Хаг им се суди на НАТО партнерите“.

Подготви: С. К.

 

 

биографија ОВК судење Хаг Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.