Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаг: По 12 години затвор за екс челници на српската Служба за безбедност

0
By Sashko on June 30, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хашкиот суд денеска изрече по 12-годишни затворски казни за поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки за злосторства на „Црвените беретки“ против несрпското население во Босански Шамац во пролетта во 1992 година.

Судот утврди дека Станишиќ (71), тогашен началник на СДБ Србија и Симатовиќ (71), првиот оперативец на Службата, биле виновни за помагање и поддржување прогон, убиство, депортација и присилно преместување муслимани и Хрвати од таа општина.

Според судијата Бартон Хол, Судскиот совет утврдил дека Обвинителството не ја докажало вината на Станишиќ и Симатовиќ за злосторства во уште пет општини во БиХ, како и во Хрватска, т.е. Книнска Краина и Источна Славонија, во периодот од 1991 до 1995 година.

Пресудата, исто така, утврди дека не е докажано дека Станишиќ и Симатовиќ биле учесници во заедничко злосторничко дело, чија цел била трајно и насилно отстранување на несрпското население од големи делови на територијата на Хрватска и Босна и Херцеговина, јави Бета.

Судскиот совет утврди дека Станишиќ и Симатовиќ знаеле за злосторничкото здружување, но дека обвинителите не докажале дека тие, заедно со другите учесници, ја делат таа злосторничка намера.

Според денешната пресуда, беше утврдено дека и други политички, воени и полициски службеници на Србија, Република Српска Краина и Република Српска биле учесници во тоа злосторничко дело.

„Црвени беретки“ Босански Шамац Злосторства Свет Трибунал Хаг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.