Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: До каде сме со почитувањето на универзалните принципи

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 12:54

Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, годинава е посветен на одбележување на 70-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации. Со оваа Декларација се поставија основите за градење на поправеден свет, кој се води од принципот дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права, a сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики како што се: раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, сексуална ориентација и родов идентитет или друг статус.  Иако во текот на изминатите 70 години милиони луѓе ги почувствуваа придобивките од Декларацијата, нејзините универзални вредности за еднаквост, правда и достоинство  сè уште не се универзално применети и вградени во секое општество.

По повод Денот на човековите права, од Хелсиншкиот комитет на Македонија посочуваат области во кои најчесто се прекршуваат правата на граѓаните во Република Македонија, а со цел да поттикнеме промена на состојбите и целосна имплементација на посочените принципи и вредности од Универзалната декларација:

-Почитување на човековите права и слободи не може да постои без квалитетни и сеопфатни реформи во судството и правосудниот систем. Во таа насока, нужно е воспоставување на независно, непристрасно и непартизирано судство за да може да се гарантира соодветна заштита на човековите права утврдени со Уставот, меѓународните ратификувани документи и домашните закони. Транспарентни, навремени судски реформи, со вклучување на сите засегнати страни, граѓанскиот сектор и стручната јавност, се неопходни за да се воспостави владеење на правото, да се врати правната држава и правната сигурност на граѓаните, а со тоа и довербата на граѓаните дека секој е еднаков пред законите.

Правото на пристап до правда е едно од основните човекови права. Остварувањето на ова право е тесно поврзано со достапноста на правните услуги за сите граѓани, без разлика на нивната материјална и социјална положба. Пристапот до правда за сите граѓани зависи од ефикасноста и квалитетот на системот на бесплатна правна помош, а со тоа се гарантира и остварувањето на човековите права.

Во однос на борбата против дискриминација посочуваме дека новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација речиси половина година се наоѓа во собраниска процедура и се уште нема никакви најави кога може да се очекува негово донесување и изгласување. Комисијата за заштита од дискриминација, како основно тело за заштита од дискриминација, се уште останува неефикасен механизам, продолжувајќи со праксата на одлучување по поднесените претставки со големо пречекорување на законскиот рок за одлучување и носење непрофесионални и паушални мислења.  

Работничките права во Република Македонија остануваат област којашто навидум е добро регулирана, но без ефективна имплементација што треба да ја гарантира заштитата на работниците и нивните права. Алармантно големиот број на повредени работници со смртни последици, потешки или полесни телесни повреди, скапиот и бавен пристап до правда во постапки кои законски се засновани на начелата на приоритет и итност, како и често ненавременото реагирање во однос на прецизното утврдување на фактичката состојба ги оставаат работниците во незавидна положба.

Во однос на состојбите во затворите и затворените институции, неадекватниот здравствен третман, како и отежнатиот пристап до лекар во затворите останува алармантно. Одложувањето во упатување на лица на специјалистички медицински прегледи, односно на болничко лекување надвор од установата во која тие ја издржуваат казната затвор, директно влијае врз подоцнежно дополнително нарушување на нивната здравствена состојба.

Искуството на жртвите за пријавување на семејното и родово базираното насилство во полиција и во Центарот за социјални работи покажува дека правилата за постапување во случаи на семејно насилство не се почитуваат од страна на полициските службеници и социјалните работници. Нивниот однос кон жртвата е често субјективен и непрофесионален, што е недозволиво имајќи го предвид фактот дека ова се примарните институции со кои се соочуваат жртвите. Ваквиот однос предизвикува обесхрабрување на жртвата и претставува ограничување на правото на користење на заштитните механизми во случаи на семејно насилство.

Иако се бележи поместување на состојбите во однос на унапредувањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Македонија, за жал сè уште можеме да зборуваме само за промена на политичката волја, а не и за конкретни поголеми унапредувања. Како што веќе наведовме, Законот за спречување и заштита од дискриминација и понатаму останува заглавен во собраниска процедура и со тоа се одложува отелотворувањето на заштитата од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Останува непоместувањето во Кривичниот законик во однос на говорот и делата од омраза и недостатокот од соодветна легислатива за правно признавање на родот. Случаите на претходните прекршувања, како што се нападите врз ЛГБТИ Центарот за поддршка и активистите сè уште не се разрешени.

Изминатава година бевме сведоци на голем број на дела од омраза, односно зголемување на бројот на  инциденти предизвикани од омраза во однос на претходните пет години. Најмногу од овие инциденти се случуваат поради политичка и етничка припадност, а најмногу ги погодуваат децата и младите луѓе до 25 години, загрозувајќи ги нивниот физички и психички интегритет како и безбедноста и сигурноста на луѓето. Насилствата од омраза сериозно ги загрозуваат човековите права, особено правото на живот, здравјето на луѓето, како и правото на безбедност и сигурност.

 

Меѓународен ден на човековите права Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.