Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Институциите не го третираат соодветно говорот на омраза

0
By Нова ТВ on July 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 10, 2018 15:55

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, изразува жалење за загубениот живот на младото момче Н.С.(20) кое вчера им подлегна на повредите со кои се здоби на 29.06.2018 година откако беше нападнат и брутално претепан од три лица, најостро го осудува настанот и уште еднаш укажува на потребата од преземање сериозни мерки за спречување на делата од омраза, не само откако делото ќе се случи туку и превентивно односно преку санкционирање на употребата и ширењето на говорот на омраза.

-Несомнени се последиците од несправувањето со говорот на омраза, нешто кое досега во многу случаи се потврди, но за жал не сме сведоци на бескомпромисноста во борбата против овие дела. Имено, ОЈО сè уште не постапува по допрен глас за случаи на говор на омраза иако јавноста редовно реагира и укажува на случаи на говор на омраза особено на социјалните медиуми. Уште повеќе, нашите согледувања говорат дека органите на прогонот сè уште соодветно не ги третираат делата од омраза туку најчесто ги водат како полесни дела, односно прекршоци, се вели во соопштението.

Во изминатите шест и пол години (заклучно со мај 2018), Комитетот регистрира вкупно 443 инциденти и дела од омраза, кои во најголем процент се случиле помеѓу малолетници (до 18 г.) или млади луѓе поради етничката припадност (нетрпеливост) на жртвата или сторителот.

Статистиката за загрижувачкиот број на случаите како и основите, редовно се објавува со цел да се укаже дека не се доволни само декларативни заложби против говорот на омраза и делата од омраза туку дека е потребно полицијата и обвинителството најпрво да започнат со препознавање и регистрирање на делата од омраза за да можат понатаму соодветно да ги казнат сторителите.

Единствено со соодветното санкционирање на говорот на омраза и делата од омраза, институциите на системот ќе испратат порака до граѓаните за својата сериозност и бескомпромисност во борбата против говорот на омраза и делата од омраза чии што последици најчесто ги трпат младите луѓе, посочуваат од Хелсиншкиот комитет.

говор на омраза Хелсиншки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.