Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: К15 им следува на жените кои се на породилно отсуство

0
By Нова ТВ on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 26, 2018 09:59

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагира на погрешнa примена на одредбите кои се однесуваат на регрес на годишен одмор за работниците кои користеле породилно отсуство, кои во Република Македонија се најчесто жените.

Во соопштението се наведува дека изминатиот период Хелсиншкиот комитет регистрираше случаи на различна примена на одредбите од колективниот договор за стопанството кои се однесуваат на регресот на годишен одмор.

-Се појавија случаи каде по пријави до трудовиот инспекторат испратени од Хелсиншкиот комитет по однос на неисплата на регрес за годишен одмор, наречен к-15, инспекторатот утврдил дека на работничките кои во текот на календарската година користеле породилно отсуство не им следува регрес за годишен одмор. Ваквиот став се „оправдува” со толкување на одредбата од член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (Службен весник на РМ број 115/2014 од 01.08.2014 година) согласно која „работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работа меѓу кои е и правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач”.

Користењето на породилно отсуство во текот на календарската година, дел од инспекторите го сметаат за неисполнување на условот работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Од друга страна дел од инспекторите сметаат дека правото на регрес на годишен одмор им следува на работничките кои користеле породилно отсуство, се вели во соопштението.

Од Хелсинчкиот комитет истакнуваат дека ова е апсолутно погрешна и неуедначена примена на оваа одредба од колективниот договор за приватниот сектор, со кое толкување се предизвикува правна несигурност.

-Потенцираме дека породилното отсуство во никој случај не може да се смета за прекин на работниот однос кај работодавачот или одново започнување на работен однос и да биде причина за неисплата на регрес на годишен одмор за работниците/чките кои го искористиле правото на породилно отсуство. И самиот термин породилното отсуство или како што е уредено во законот „Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство” укажува дека се работи за отсуство, а не прекин на работниот однос и никако не смее произволно да се толкува. Впрочем, работниците кои користат породилно отсуство не го губат правото на годишен одмор, кое пак е тесно поврзано со исплатата на регресот. Оттука е нејасно врз основа на која одредба трудовите инспектори одлучуваат дека се губи правото на регрес за годишен одмор, кога не се губи правото на годишен одмор. Ваквото толкување и различна примена на одредбите за регрес на годишен одмор се спротивни на начелата за недискриминација и еднакви можности и третман на мажите и жените гарантирани со Уставот и законите, земајќи предвид дека најголем дел од работниците кои користат породилно отсуство се жени, велат од Хелсиншкиот комитет. 

Овој проблем се надоврзува на досега идентификуваните проблеми поврзани со третирањето и засметувањето на породилното отсуство, а тоа е незасметувањето на породилното отсуство како дел од бенифициран стаж, додаваат од Хелсиншки. Притоа се потенцира дека се регистрирани случаи во Министерството за внатреши работи дека месеците во кои се користи отсутво поради бременост, раѓање и родителство, не се засметуваат во бенифицираниот стаж на вработените кои го користат овој тип на отсуство. Со оваа пракса вработените во Министерството за внатрешни работи кои користеле породилно отсуство, најмногу жени, остваруваат право на пензија 3 месеци подоцна од вработените кои не користеле породилно отсуство, најчесто мажи, а кои работеле подеднакво долго во министерството.

-Од овие причини Хелсиншкиот комитет го повикува Министерството за труд и социјална политика да испрати насоки до Државниот трудов инспекторат со цел уедначена пракса при примена на законските одредби кои се однесуваат на регрес на годишен одмор, бидејќи очигледно е дека имаме различна примена на колективниот договор на штета на работничките. Доколку Државниот трудов инспекторат не ја промени ваквата пракса, работничките можат да иницираат соодветни постапки за заштита на нивните права, се вели во соопштението. 

К15 МВР породилно отстуство Хелсиншки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.