НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Пропусти на институциите доведоа до бегство на Груевски

0
By Нова ТВ on November 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија најостро ги осудува „пропустите, неажурноста и непочитувањето на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи, кои резултираа со напуштање на земјата од страна на осуденото лице Никола Груевски и неможност да се изврши правосилната пресуда по случајот познат како Тенк, со која Груевски беше осуден на двегодишна казна затвор“.

Тие бараат да се спроведат итни и темелни истраги во кои ќе биде утврдена одговорноста за пропустите од аспект на тоа дали се постапувало согласно  планот за обезбедување на Никола Груевски и дали се постапувало согласно тој план проценката за ризик. Соодветно на резултатите од истрагата. Притоа бараат да бидат санкционирани сите раководни лица и службеници кои не ги почитувале законските и подзаконските акти, особено од Законот за извршување на санкции, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и Планот за обезбедување, со што помогнале осуденото лице Никола Груевски да ја напушти државата и да избегне издржување на казна затвор.

Во соопштението тие пропустите ги лоцираат во следните настани што ги презентираат хронолошки:

-На 26.10.2018 на осуденикот Никола Груевски му беше врачен упатен акт за отслужување на затворската казна, согласно кој осуденикот имаше рок доброволно да се јави во затвор најдоцна до 8.11.2018.

-На 29.10.2018 Груевски поднесе молба за одложување на казната затвор до судијата за извршување на санкции, кој имаше рок од 3 дена од приемот на молбата да донесе одлука.

-Судијата за извршување на санкции на 2.11.2018 ноември донесе решение со кое ја одбива молбата на Груевски.

-По добиеното решение, Груевски и неговата одбрана на 6.11.2018 поднесоа жалби против решението со кое беше одбиена молбата за одлагање на извршувањето на казната затвор.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по споменатите жалби на 9.11.2018 донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции. Ова значеше дека осуденикот требаше да се јави во затвор веднаш по приемот на конечниот и правосилен упатен акт.

-Судскиот курир на Основниот суд Скопје 1 Скопје, на 9.11.2018 прави три обиди за доставување на конечниот упатен акт на домашна адреса на осуденикот, но трите обиди завршуваат неуспешно, бидејќи осудениот Никола Груевски не бил дома и не можел да го прими упатниот акт.

„Според член 87 од Законот за извршување на санкции, доколку осудениот не се јави во зададениот рок со упатниот акт, установата (затворот) е должна да го извести судијата за извршување на санкции, кој треба веднаш да издаде наредба до МВР за приведување на лицето. Доколку лицето не е достапно на органите на прогон, Министерството за внатрешни работи треба да издаде потерница. Согласно информациите од медиумите, директорот на Затворот Скопје – Скопје, Ѓоко Котевски го известил Основниот суд Скопје 1 Скопје, дека осуденикот не се јавил доброволно на отслужување на затворска казна на 10.11.2018, еден ден после трите неуспешни обиди за доставување на упатниот акт. Во овој момент се јавува најголемиот пропуст на судот и прекршување на одредбите од Законот за извршување на санкции, велат од Хелсиншкиот комитет.

За Хелсиншкиот комитет „апсолутно е нејасно зошто Судот не постапил во согласност со закон и го игнорирал начелото на итност од став 3 на чл 87 од Законот за извршување на санкции, па за издавање на наредба за приведување на осуденикот, чекал два дена од добиеното известување од директорот на затворот и истата ја издал до СВР Скопје на 12.11.2018 во 16:30 часот, со барање за издавање на национална потерница“.

„Во конкретниов случај, во смисла на наведениот член, судот воопшто не ни требало да чека известување од установата за издржување на казна затвор, бидејќи веќе било поминато времето за доброволно пријавување во затворот на осудениот Груевски. Веднаш по неуспешниот обид за достава судот морал да издаде наредба за пронаѓање и спроведување на осуденото лице на издржување на казна затвор, впрочем како што досега во сите претходни случаи се постапувало“, се вели во соопштението.

Пропусти во обезбедувањето на осудениот Никола Груевски

Хелсиншкиот комитет смета дека има пропусти во обезбедувањето на Груевски и упатува на членот 200 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи („Службен весник на РМ“ бр. 149 од 10.12.2007г.), дека „Полицискиот службеник кој врши редовно обезбедување не може да се оддалечи од личноста односно објектот кој го обезбедува“, освен во исклучителни околности, но притоа личноста која ја обезбедува не смее да остане необезбедена и на членот 201 од истиот правилник, според кој одговорниот службеник кој го организира редовното обезбедување, изработува план за обезбедување, согласно кој се врши обезбедувањето.

-Ова упатува на фактот дека лицата задолжени за обезбедувањето на Никола Груевски, согласно овој правилник, не смееле да го остават ова лице необезбедено односно воопшто да немаат контакт со него од 8.11.2018  па се до 12.11.2018, констатираат од Хелсиншки.

Од Хелсиншкиот комитет укажуваат дека Груевски е четврто лице осудено во високопрофилираните кривични постапки, „кое поради неажурност и некоординираност на судските власти и органите на прогон, успеало да избега од државата и да го избегне издржувањето на казна затвор определена со правосилна и извршна пресуда“, што според нив „укажува на итната потреба од преиспитување на функционалноста на органите на прогон, граничните служби и судските власти“.

Тие бараат сериозен пристап за утврдување на вистината за да може целосно и финално да се спроведе правдата која граѓаните долго ја очекуваат, а на која ние, долупотпишаните граѓанските организации инсистираме.

На соопштението се потпишани:  Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Фондација Отворено општество- Македонија, Цивил- Центар за слобода, Центар за економски анализи, НВО Инфоцентар, Коалиција сите за правично судење, Евротинк, Македонско здружение на млади правници, Институт за европска политика, Младински образовен форум, Институт за демократија Социетас цивилис- Скопје, Транспарентност Македонија,Транспаренси Интернешнл, ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација.

бегство Груевски пропусти Хелсиншки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.