Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншкиот комитет загрижен поради дискриминацијата на Ромите

0
By Нова ТВ on April 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 8, 2016 14:35

По повод одбележувањето на 8. април Меѓународниот ден на Ромите Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја истакнува загриженоста поради неимплементирањето на активностите од важечката Стратегија за Ромите во Република Македонија (2014-2020) и ја повикува државата декларативните заложби за подобрување на статусот на Ромите да ги преточи во конкретни акциски планови и афирмативни мерки за подобрување на статусот и интеграција на Ромите во сите општествени сфери.

– Имајќи предвид дека се уште постои системска дискриминација кон Ромите, особено во постапувањето на полициските службеници кон Ромите на граничните премини, непристапноста на жените Ромки до здравствена заштита и гинеколошки услуги и сегрегацијата на децата Роми, ја повикуваме државата да преземе активни мерки за спречувањето на дискриминацијата врз основа на етничка припадност и маргинализирана група, се наведува во соопштението.

Организацијата посебно е загрижена, за како што вели „системската сегрегација на децата Роми во образовниот процес, кои без никаква категоризација посетуваат училишта за деца со интелектуална попреченост или пак се распределени во посебни паралелки во редовните училишта, наместо да бидат вклучени и интегрирани во редовните паралелки“.

Хелсиншкиот комитет вели дека ќе продолжи да работи на заштита и унапредување на правата и слободите на припадниците на ромската заедница преку низа активности, а најдиректно преку имплементација на проектот “Следење и известување за прекршувањата на правата на Ромите”, финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

– Меѓународниот ден на Ромите, придонесува за подигнување на свесноста и потсетува на долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на оваа група луѓе. Ромите во Македонија се најранлива етничка заедница, која се соочува со дискриминација во речиси сите сфери на општественото делување, се истакнува во соопштението.

Роми Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.