Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хичкок во македонска верзија

0
By Менче Атанасова Точи on April 27, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 27, 2017 15:13

Цела недела државата ја тресе скандалот со гинекологот кој манипулирал со жените кои се борат со стерилитет, а институциите спијат.  Што треба уште да се случи за да започнат истрага?

Навистина, освен  жената која девет месеци била лажена дека е бремена и веќе има поднесено кривична пријава против гинекологот, скоро сите други жртви немаат документи, медицински извештаи, фискални сметки за огромните суми на пари што му ги давале на рака. Но, сите со тек на време сфаќале дека гинекологот си играл со човечки судбини, со здравјето на жените, со нивното потомство. Смислено.  И сите молчеле. Од срам дека биле лажени, опљачкани, некои дури и сексуално малтретирани. Сега е време да проговорат!

Се почна со приказната што ја раскажа жената која цели девет месеци му верувала дека е бремена. Жената која долго  време се надевала дека ќе добие дете, во овој лекар гледала бог. А, тој и давал толку многу непотребни лекови и  агресивна хормонална терапија што е чудно како е уште е жива.  Дури успеал толку многу да ја убеди во непостоечката бременост покажувајќи и ЕХО снимки од туѓо бебе, пуштајќи и да го слуша неговото срце, а всушност тоа бил нејзиниот пулс,  ги мерел  димензиите на рацете, нозете, и го кажал и полот, што таа со невидена радост го очекувала тој најубав момент во животот кога ќе стане мајка.

И подготвена да оди на породување со торба полна облека за рожбата, се појавува докторот и вели„ти за цело време додека мислеше дека си бремена, всушност не беше бремена“. И не само тоа, тој за неа имал план во кој го спречил сопругот: Да ја успие со анестезија, да и направи царски рез и да и каже дека бебето е мртво! Каков монструозен и пеколен план! План кој гинекологот не го негира во својата изјава пред обвинителството. Тој смета дека така ќе и се развијат репродуктивните способности и следниот пат ќе остане бремена по природен пат. Тоа е неговата одбрана! А, да уште и рече дека не убил никого, не извадил органи и нема зошто да биде обвинуван! Лекарска коморо,  спиеш ли уште? Каде е Етичката комисија? Или без хонорари не се прави ништо?

Веднаш по ова, лавина на нови јавувања покажаа дека оваа жена не била единствената жртва. Листата на жени кои биле искористени и манипулирани е се поголема. Секоја има своја приказна, која од која поужасна. Лажни бремености, агресивни терапии, сомнителни Ин витро процедури, финансиски малверзации, лажни операции, страв од тоа каде завршиле нечии јајце клетки или сперматозоиди. Од кого се земале, на кого се давале? Веќе не зборуваме за етика! Очигледно, на повидок е нешто многу поголемо, посериозно!

Но, за тоа да се открие треба да се разбудат институциите. Фондот за здравство да утврди дали имало злоупотреби на ваучерите за Ин витро од кои само еден чини 80 000 денари? Дали навистина се правело Ин витро? Да кажат за колку пари досега е оштетена здравствената каса? Што се правело со парите на осигурениците? Зошто пропаднаа двете приватни болници во кои што раководел гинекологот? Дали биле казнувани? Зошто третата се крие и го штити лекарот кој веќе не работи таму? Зошто не излезат со податоци колку пациентки биле манипулирани? А, не само два реда одговор во кои се вели дека немале поплаки од пациенти.

Итно е потребна истрага, во спротивно и Фондот е соучесник! Особено што веќе имало пријава за гинекологот пред четири години, ама Министерството за здравство за тоа молчеше. И го награди, без конкурс, со трансфер од приватно го префрли во јавно здравство. И ете го работи на Клиниката за гинекологија, на одделот за Ин витро! Добро го вдомил Тодоров. Одлично работно место му нашле. Треба да се зголеми наталитетот во државата!

А, обвинителството нели може да започне истрага по допрен глас? МВР, дали гинекологот бил сам во сето ова? Што се правело јајце клетките, со ембрионите? Кои деца чии се, каде се? Да му се заледи на човек крвта во вените! Како од филмовите од Алфред Хичкок. Овој пат, во македонска режија.

 

 

гинеколог институции скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.