Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хидрогенската бомба на Пјонгјанг е петпати посилна од онаа во Нагасаки

2
By Нова ТВ on September 3, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хидрогенската бомба која денеска ја тестираше Северна Кореја е петпати посилна од онаа што беше фрлена на јапонскиот град Нагасаки на 9 август 1945 година кога загинаа 74.000 луѓе, објави Би Би Си.

Норвешкиот институт, пак тврди дека дека таа била за 8 пати посилна од бомбата во Хирошима, која била со моќност од 15 килотони.

Севернокорејската државна телевизија објави дека земјата успешно тестирала хидрогенска бомба за интерконтиненталните балистички ракети.

Претходно Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека е регистрирана „можна експлозија“ која го предизвикала земјотресот од 6,3 степени, со епицентар во близина на Пунгје- ри местото каде Пјонгјанг врши вакви тестирања.

КЦНА, официјална новинска агенција на Северна Кореја, соопшти дека тестирањето е направено за “испитување и потврдување” на хидрогенската бомба како содржина на нукеларна ракета.

-Ова, исто така, претставува многу значаен момент во постигнувањето на крајната цел – комплетирање на нуклеарната сила на државата, објави КЦНА.

Во јули, Северна Кореја тестираше балистички проектил за кој експертите изјавија дека имаат опсег да ги погоди големите американски градови.

Пред неколку дена балистичка ракета ја прелета Јапонија и заврши во Тихиот океан.

Ова е шести нуклеарен тест на Северна Кореја, соопшт јапонската влада, што според Јапонија и САД е веројатно најголемата провокација во регионот.

Доколку се потврдат првичните информации, ова е најмоќното оружје што некогаш го тестирала Северна Кореја.

Последниот нуклеарен тест на Пјонгјанг, спроведен пред речиси една година и предизвика сеизмолошки потрес од 5.3 степени.

-По анализата на податоците обезбедени од Јапонската метеоролошка агенција, јапонската влада заклучи дека Северна Кореја спроведе нуклеарен тест, соопшти јапонскиот министер за надворешни работи, Таро Коно, во живо преку телевизизијата.

-Доколку Северна Кореја навистина спроведе нуклеарен тест, ние апсолутно не можеме да толерираме и мораме цврсто да застанеме против. Ќе свикаме состанок на Советот за национална безбедност за да ги собереме и анализираме информациите, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе обраќајќи се во живо преку телевизијата.

Јапонија испратила таканаречени ” трагачи” за да земат мостри за да потврдат дека всушност се случила нуклеарна експлозија.

Во меѓувреме во Јужна Кореја се одржуваат состаноци на Советот за национална безбедност за да разговара за инцидентот. Војската е во состојба на зголемена будност.

Пекинг остро го осуди новиот нуклеарен тест на Северна Кореја и ги повика властите во Пјонгјанг да „запрат со заострување на ситуацијата со потези што не се во нивни интерес“.

-Северна Кореја го занемари спротивставувањето на меѓународната заедница и изврши нов нуклеарен тест. Кинеската Влада е остро против тоа и изразува енергична осуда за тие акции, се наведува во соопштение од кинеското МНР.

Генералниот директор на Меѓународната атомска агенција Јукија Амано изјави денеска дека најновата нуклеарна проба на Северна Кореја е „за исклучителна осуда“ и дека „во целост ги занемарува барањата повеќепати повторени од меѓународната заедница“.

Зошто Северот сака нуклеарно оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека нуклеарната проба на Северна Кореја е „непријателска и опасна“ за САД.

-Северна Кореја изврши голема нуклеарна проба. Нивните зборови и акции продолжуваат да бидат многу непријателски и опасни за САД. Северна Кореја е одметничка нација и стана голема закана и срамота за Кина која се обидува да помогне, но мали успеси, напиша Трамп на Твитер.

Севернкорејската програма за оружје напредува со брзо темпо под водството на  Ким Јонг Ун.

Земјата минатата година спроведе две нуклеарни тестирања, вклучувајќи и еден во септември.

Ова е прв нуклеарен тест спроведен за време на администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, кој првично најави дека со стратегија на “мирољубив притисок” ќе се обиде да ја натера Северна Кореја да ја стави својата програма за нуклеарно оружје на преговарачката маса.

За Северна Кореја пак програмата за нуклеарно оружје е од суштинска важност за „одвраќање на САД од обидите за инвазија“ и според аналитичарите токму затоа е малку веројатно дека ќе преговараат.

На 9 август Трамп се закани дека доколку Пјонгјанг продолжи со провокациите ќе се соочи со „оган бес и сила“ каква што светот до сега не видел.

Но само неколку дена потоа, во контроверзниот говор во Аризона тој го пофали севернокорејскиот лидер дека не ја провоцира Америка.

Тензиите меѓу Северна Кореја и меѓународната заедница се разгореа минатата недела откако Пјонгјанг лансираше проектил преку Јапонија. САД и нејзините сојузници реагираа со испраќање борбени авиони и бомбардери над Корејскиот полуостров во т.н. операција на “покажување на сила”.

Трамп во остра изјава на Твитер по инцидентот се закани дека веќе нема да има дипломатија, по што веднаш уследи изјава на американкиот секретар за одбрана Матис кој се обиде да ја смири топката, најавувајчи дека дипломатијата и натаму е опција.

Пјонгјанг минатиот месец тестираше два проектили за кои експертите велат дека потенцијално би можеле да достават нуклеарна боева глава во САД.

Северна Кореја одамна вели дека сака нуклеарно оружје и проектили со долг дострел, со цел да ги одврати САД од обид да го соборат режимот на Ким Јонг Ун.

Пјонгјанг дури ги разгледува и можностите своите нуклеарно планови да ги предаде на држави како Ирак – каде што поранешниот диктатор Садам Хусеин беше соборен од САД, и Либија – , каде истата судбина ја доживеа и Моамер Гадафи, за олеснување на санкциите.

 

Нагасаки реакции Северна Кореја худрогенска бомба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.