Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хоџа го презеде МЗШВ: Ќе бидеме партнери на зeмјоделците и откупувачите

0
By Нова ТВ on August 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 31, 2020 16:48

Ќе бидеме партнери со земјоделците и со откупувачите за да можеме да го зајакнеме земјоделството како гранка, бидејќи од тоа зависи и развојот на економијата на нашата држава, порача новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа по преземање на должноста од неговиот претходник Трајан Димковски.

„Мило ми е што во Министерството наоѓам тим што завршил и тековно работи на доста добри проекти, но ние можеме да работиме уште повеќе и уште подобро. Наш приоритет е да бидеме партнери со земјоделците и со откупувачите за заеднички да ја развиеме оваа гранка, но воедно ќе работиме и на усогласување на нашето законодавство со европското за да можеме побрзо да ги завршиме пристапните преговори и побрзо да пристапиме до фондовите како сите други европски држави. Преку земјоделството ќе се потрудиме да отвориме самовработување за земјоделците за да можат да имаат достоен живот и нивната иднина да ја градат тука, во нашата држава, и на тој начин да можеме да го искористиме целиот труд на земјоделците за да одиме напред“, рече Хоџа.

МЗШВ, како што истакна, е комплексно Министерство и голем предизвик за него и за партијата што го предложила за да можат да работат во интерес на земјоделците.

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски се заблагодари на сите кои, како што рече, во изминатиот период работеле со него и му помогнале да донесат напредок во македонскиот агросектор и на земјоделците за нивната искрена и отворена комуникација.

„Ми беше огромна чест што во овој период од нешто повеќе од една година ја извршував функцијата министер и со мојот тим заеднички придонесеме за развој на овој клучен економски сектор. Во изминатиот период работевме на развојни политики за поставување на земјоделството на вистинскиот пат. Се соочивме со многу предизвици, дел предизвикани од природни појави, дел од политички причини и со еден од најголемите предизвици годинава – вирусот Ковид-19, но заеднички и во координација со земјоделците и стопанствениците во агросекторот секогаш носевме мерки и решенија за справување со секој проблем и за покренување на земјоделството во нагорна линија“, рече Димковски.

Тој потсети на дел од преземените мерки во изминатите три години, преку кои, како што рече, МЗШВ покажа грижа за земјоделството и оти во секоја ситуација е со земјоделците, а воедно и воспостави пракса на навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците. За рекордни над 53 проценти, како што посочи, се зголеми и искористеноста на мерките од ИПАРД програмата. Најави дека со помош од Светска банка ќе се градат откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи во скопскиот, во ресенскиот и во струмичкиот регион.

Аријанит Хоџа Земјоделие Македонија МЗШВ Трајан Димковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.