Шведска е нов светски шампион во хокеј на мраз. Во мундијалското финале во Келн, шведските хокеари ја поразија Канада со 2:1 по подобро изведување на пенали. Херој во мечот беше голманот Хенрик Лундквист кој ги одбрани сите три казнени удари на противникот за јубилејна десетта титула за својата земја, прва по 2013 година.
Голови за Шведска постигнаа Никлас Бегстром и Виктор Хедман, единствениот за Канаѓаните, кои на првенството во Франција и во Германија допатуваа како бранители на тронот, беше дело на Рајан О’Рајли. Шведскиот чувар на мрежата Лундквист го заврши финалето со вкупно 41 одбрана.
Бронзениот медал го освои Русија по победата над Финска со 5:3 во меч за третото место.
За МВП на Светското првенство беше прогласен Швеѓанецот Вилијам Ниландер.
СП 2017 во хокеј на мраз (Франција/Германија)
Финале: Шведска – Канада 2:1 (на пенали)
За 3 место: Русија – Финска 5:3