Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хокинг: Имаме 1.000 години за да најдеме нова планета за живеење

0
By Нова ТВ on November 18, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 18, 2016 13:32

Според астрономот и научник Стивен Хокинг, планетата Земја е осудена на пропаст, и доколку во наредните, најмалку 1.000 години, не најдеме ново место за живеење, човештвото нема да постои. Како главни причинители ги наведува климатските промени, нуклеарките, роботите и слично.

Зборувајќи на Универзитетот Оксфорд, Хокинг во својот говор навестил дека единствената шанса за живот како човечки вид е да ја напуштиме Земјата и да воспоставиме колонии на други планети.

„Иако шансите за катастрофа на Земјата во моментов се чинат слаби, тие се зголемуваат со секоја измината година а во наредните 1.000 или 10.000 години тоа ќе се случи“, рекол Хокинг. „До тогаш би требало да се прошириме во Вселената за катастрофата на Земјата да не значи и крај за човештвото“.

НАСА во меѓувреме е во потрага по други планети на кои човечкиот род може да преживее, а како една од можните за кои постојано се зборува во јавноста е Марс.

Сепак во својот говор, “најпаметниот жив човек на Земјата“ како што често го опишуваат неговите колеги, поставил и неколку енигми, за кои вели, луѓето треба да размислуваат.

„Сетете се да гледате во ѕвездите а не под нозете. Пробајте да го разберете она што го гледате и да сфатите како постои универзумот. Бидете љубопитни. Колку и да се чини животот тежок, секогаш може да пробате да направите нешто и да успеете во тоа. Важно е никогаш да не се откажете“, порачал Стивен Хокинг.

живот Земја планета Стивен Хокинг човечки род
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.