Роџер Федерер ја освои првата титула во 2018 година. Тениската репрезентација на Швајцарија по третпат триумфира на Хопман купот пришто најголеми заслуги имаше токму ветеранот од Базел. Во финалето на 30 издание на турнирот што по традиција се одржува во Перт, Швајцарците ја совладаа Германија со 2:1.
Федерер учествуваше во двете победи за својата селекција на Хопман купот. Најпрво го совлада Александар Зверев со 6:7, 6:0, 6:2, а потоа славеше и во двојки со Белинда Бенчиќ против германската комбинација Зверев/Кербер со 4:3, 4:2.
Единствениот триумф за Германија го забележа Анжелика Кербер против Бенчиќ (6:4, 6:1)