Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Храната во училиштата ќе се контролира и ќе има ригорозни казни

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во основните училишта во Република Македонија се одржа одделенски час посветен на здравиот начин на исхрана и квалитетот на храната во училиштата, а по тој повод, министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска, заедно со претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, присуствуваа на час во ОУ „Аврам Писевски“ во село Бардовци.

Mинистерката Дескоска го отвори прашањето за квалитетот на храната во училишта, односно непочитувањето за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта и најави зголемена контрола на храната во училиштата.

-Во досегашните извештаи доставени до МОН, е наведено дека исхраната на учениците со целодневен престој не одговара на стручните препораки и норми, односно дека генералните препораки за енергетски внес се почитувани, но внесот на нутритивно богата храна како овошје и зеленчук, како и млечни производи е исклучително мала. Тоа значи дека се јаде храна богата со шеќери, калорична храна, но не здрава и квалитетна храна. Ова е проблем кој се проткајуваше низ годините, но време е да ставиме крај на лошите практики, изјави министерката Дескоска.

Министерката Дескоска најави дека се планираат законски измени, со кои ќе бидат предвидени санкции за непочитување на Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта.

-Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта не се почитува и истиот не е обврзувачки поради тоа што не постојат контролни механизми за негово спроведување. Затоа, Министерство за образование и наука ќе му даде обврзувачка сила на овој правилник, а школите и директорите ќе мора да го почитуваат правилникот и да внимаваат при одобрувањето и правењето на менијата, односно да внимаваат на квалитетот на храната и здравјето на учениците, рече Дескоска, најавувајќи законски измени со кои ќе се предвидат санцкии за непочитување на Правилникот за исхрана. Ќе бидат предложени поригорозни казнени мерки за оние училишта кои не го почитуваат правилникот со кој е утврдено точно какви хранливи состојки треба да консумираат учениците.

-Така, ќе се осигураме дека учениците ќе јадат квалитетна и здрава храна, потенцираше Дескоска.

Промовирањето и едукацијата на  правилната исхрана на учениците од основните училишта во земјава има за цел да се изградат добри навики во исхраната почнувајќи од раното детство.

Најголемиот глобален час е иницијатива на светско ниво за запознавање на децата и младите со Глобалните цели за одржлив развој и за поттикнување нивно активно учество во остварувањето на овие цели.

закон изхрана казни Рената Треневска Дескоска училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.