„Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија. Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештенството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежија ќе бидат премостливи“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод автокефалноста на Македонската православна црква.

„Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови. После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија. Нека е за многу години“, вели Мицкоски.