Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Христијан Мицкоски ги повика сите пратеници да ги поддржат измените со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата

0
By Marija Todorovska on June 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 5, 2024 13:34

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во петок, а тие да бидат изгласани во понеделник.

-Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави Мицкоски.

Измените на Законот, по скратена постапка, тој ги поднесе врз основа на членот 71 став 1 од Уставот и врз основа на членовите 139, 144 и 175 од собранискиот Деловник.

– Имено во Членот 71 став 1 од Уставот како и членовите 139 и 144 од  Деловникот е уредено дека право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи.  Додека пак со Членот 175 од Деловникот на Собранието е уредено дека Предлагачот на предлогот на закон може да му предложи на Собранието да расправа по истиот по скратена постапка, рече Мицкоски.

Побара поддршка од сите пратеници во македонскиот Парламент без исклучок на која политичка партија припаѓаат, а легитимитетот и легалитетот на ова барање, како што кажа, Мицкоски, го темели на изборниот резултат од пред неколку недели кога коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и новиот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова освоија 436.000 гласови, односно 561.000 гласови.

– Легитимитетот од страна на граѓаните е јасен, кредибилитетот и легалитетот е исто така јасен, рече Мицкоски.

Со ваквите измени, како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата и да го подобриме животот на граѓаните.

Прашан дали разговарале за поддршка од од 80 пратеници, со оглед дека законот се носи со двотретинско мнозинство, Мицкоски рече дека не би сакал да влегува во дневна политика.

-Очекувам поддршка од сите парламентарни групи кои се дел од овој собраниски состав. Претпоставките да ги оставиме настрана. Не сме наивни политичари да веруваме во случајности, во политиката ретко има случајности, изјави Мицкоски.

Со предложените измени се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во рамките на самата влада.

– Министерството за економија и труд ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите  на старото министерство за економија, а на тоа министерство ќе му биде додаде сегментот труд за да можат работодавачите и работниците да бидат во едно место и на тоа место заедно да ги реализираат своите права, дијалог и така натаму. Така што министерството за социјална политика и труд кое беше досега, ќе биде сега министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт која постоеше досега нема да постои и ќе имаме посебно министерство за спорт, најави Мицкоски.

Дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на новото формирано министерство, а тоа е министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Појасни дека дел од ингеренциите кои што ги имаше министерството за економија посебно во делот на туризмот ќе бидат сега присоединети до новото министерство, министерството за култура и туризам.

-Ќе имаме ново министерство кое што ќе има задача да спроведе еден многу важен проект кој што ќе ја зголеми транспарентноста, владеењето на правото ќе ја намали основаното сомневање за корупција во рамките на администрацијата тоа е новоформираното министерство за дигитализација кое што во суштина ќе ги наследи обврските кој што ги имаше досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, рече Мицкоски, додавајќи дека ново ќе биде и министерството за администрација.

Со една ваква реорганизација, смета идниот мандатар, ќе добиеме една ефикасност, осовременување на самата влада и, пред се, да го подобриме животот и стандардот на сите граѓани во Македонија без разлика на нивната политичка и партиска припадност.

За да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство или 80 пратеници, а според сегашната математика, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (58) со Вреди (14) и ЗНАМ (6) заедно имаат 78 пратеници.

измени Мицкоски пратеници реорганизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.