По ослободителната пресуда за лидерот на српските радикали Воислав Шешељ и бројните реакции кои ги предизвика таквата одлука, хрватското Министерство за внатрешни работи му забрани влез во Хрватска.

– Нека дојде, па ќе го уапсиме, изјави хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ.

Хашкиот трибунал го ослободи Шешељ по сите 9 точки од обвинението. Тој беше обвинет пред повеќе од десет години за поттикнување убиства и етнички прогон во неговите подбуцнувачки говори како лидер на Српската радикална партија.