Олимписките игри во Токио и дефинитивно се одложуваат за наредната година поради светската пандемија на коронавирус. Настанот, кој требаше да почне на 24 јули и да трае до 9 август, ќе се одржи „не подоцна од летото 2021 година“, потврди Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
„Јас предложив да се одложи Олимпијадата за една година на што претседателот на ИОК, Томас Бах се согласи во целост“, рече јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Параолимписките игри во Токио, исто така, ќе бидат одложени до 2021 година.
Премиерот Абе додаде дека „со ова ќе се овозможи на спортистите да настапат во најдобра форма на Олимписките игри кои на тој начин, пак, ќе бидат безбеднби и за гледачите“.