Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И ЕУ почна кампања: Референдумот е одлука за идните генерации

1
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 30 септември граѓаните ќе направат избор што ќе ја оформи иднината на вашата земја и тој избор ќе има последици за идните генерации. Ве повикувам да го искористите вашето демократско право и да гласате на претстојниот референдум.

Ова денеска го изјави директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија Кристијан Даниелсон на отворањето на серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно“.

Тој упати честитки до премиерот и до македонските институции за постигнување на Договорот со Грција за решавање на прашањето со името што, според него, го отвора патот на земјава кон Европа.

Во врска со стартот на денешната кампања на Делегацијата на ЕК во Македонија, Даниелсон рече дека граѓаните се во основата на оваа идеја, но, како што кажа, самиот `рбет да се спроведат овие дијалози се општините кои треба да ги обезбедат вистинските услови справувајќи се со реалните проблеми на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев на почнувањето на кампањата рече оти ова не е ниту прва, ниту последна кампања на ЕУ во земјава и е една од низата со кои нашите европски пријатели и партнери не потсетуваат дека имаме заедничка сегашност која ја градиме веќе две децении на патот до нашето полноправно членство во Унијата.

– Република Македонија го направи изборот. Избра иднина наместо неизвесна и бесмислена изолација. По првпат во својата историја Македонија седна на маса како рамноправен партнер за да преговара и да одлучи за својата иднина. Тоа досега не се случило. За нејзината иднина се одлучувало без нејзино присуство. Ние рековме не за нас, за нашата иднина ќе разговарате со нас, рече Заев.

Тој посочи дека наспроти заканите покажале храброст, достоинство и политички став и оти признанијата потоа дошле и како датум за преговори со ЕУ и како покана за завршниот процес за пристапување кон НАТО.

Заев потсети дека како фонд за претпристапниот фонд од 2007 до 2020 вкупната годишна ЕУ-помош за Македонија изнесува над 90 милиони евра.

Тоа се 260.000 евра дневно, 15,5 милиони евра годишно влегуваат за Македонија преку ЕУ-програмата за транспорт, граѓаните на ЕУ издвојуваат 8,5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Македонија за 2018 за нашата безбедност. Петнаесет милиони евра европски пари се планирани за земјоделството за 2019, додека 18 милиони евра во 2020 за реформи во правосудството и во полицијата во земјава. Заев додаде дека на претстојниот референдум ќе се направи последниот чекор за да се заврши изградбата на земјата според европските правила и на 30 септември граѓаните да ги обедини мудроста.

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар рече дека преку ЕУ-фондови во изминатите 20 години се внесени една милијарда евра европски пари преку проекти што генерирале огромни резултати.

– ЕУ работи како партнер за да се подобри животот на сите граѓани. Преку овие активности секој граѓанин може да даде свој придонес на промената што сака да ја види во својата општина. Можеме да ја замислиме нашата иднина заедно. Ќе им докажеме на граѓаните дека нивниот глас се смета за важен. Наша цел е да слушаме и да разбереме, рече Жбогар на формалното отпочнување на кампањата на ЕУ – дијалози со граѓаните. 

Даниелсон ЕУ референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.