Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„И голи и горди“, се бара обвинителството да постапи по предметот за финансиска „далавера“ во општините Велес и Битола

0
By Marija Todorovska on January 16, 2024 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај многубројното неисполнување на изборните ветувања во двете години од нивното владеење со градовите Велес и Битола, градоначалниците на овие две општини од редовите на опозициската ВМРО-ДПМЕ, партијата на Христијан Мицкоски, со астрономски високи цени од реалната на пазарот купиле машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Според јавно достапни податоци, општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку. Станува збор за разлика од 47.000 евра! Иста таква машина набавила и општина Велес по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра. Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола. Прашањето е во чии џебови завршила разликата? Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност, реагираа од СДСМ.

Од друга страна, опозициската ВМРО ДПМНЕ признава дека нивните градоначалници набавиле таква машина, но ја оспоруват сумата од 2.950.000 денари дека е набавена една машина.

– Вистината е дека се набавени две машини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но од СДСМ барат сепак надлежното Јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ со купувањето поскапи машини од реалните цени.

ВМРО-ДПМНЕ ветија 213 проекти за Велес, а не исполниле ништо!

Актуелниот градоначалник на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, иако во кампањата за локалните избори 2021 година кога и го презеде раководството на општината, на граѓаните им вети 213 проекти, две години подоцна овие ветувања останаа само напишани на хартија.

Изминатите две години од мандатот на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Марко Колев резултираат со НУЛА резултати. Иако не реализираа ништо од ветеното, Колев и ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на велешани и ги поскапеа сметките на локално ниво. На велешани локалната вас на ВМРО-ДПМНЕ им ги поскапи цените за собирање на отпад за 100 %.

ВМРО ДПМНЕ и Марко Колев ги изневерија велешани – за две години не реализира ниту еден од ветените проекти на локалните избори 2021 година: нова детска градинка, нова катна гаража кај автобуската станица во Велес, проектот за подземна гаража, Дом за стари лица, Дом за деца без родители, реконструкција на Градски парк, нова велосипедска патека, не е решен проблемот со кучињата скитници…

Актуелниот градоначалник на Велес од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, на Локалните избори 2021 година пред велешани се обврзуваше за реализација на над 213 проекти: нов Развоен истражувачки центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три нови спортски комплекси, велосипедски патеки и реконструкција на патот до езерото Младост, нов ГУП, уредување на кејот на Вардар.

„Во програмата која заедно ја изработивме со граѓаните, нудам многу проекти, а воедно и решенија за проблемите кои ги мачат нашите сограѓани. Не ветувам ништо што не можам да го реализирам, a ќе реализирам многу повеќе од ветеното. Ајде да работиме сите заедно, ајде да го вратиме Велес на картата на силни градови, aјде да го вратиме Велес на пиедесталот, на град со најмногу реализирани капитални проекти, најмногу инвестиции, град со најголема поддршка за спортот, културата и младите, Велес за сите граѓани“, со овие зборови Колев на локалните избори во 2021 година го бараше гласот на граѓаните на Велес.

Коњановски пренаменил и европски пари!

Минатата година во октомври кривична пријава против градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, поднесоа советниците од СДСМ до обвинителството, затоа што потпишале анекс на договорот за проектот „Смарт фор ју ту“ за пренамена на парите од европските фондови, но без одлука на општинскиот совет.

„Коњановски и Димитровски сакаа да прикажат пред ЕУ дека имаат овластување за пренамена на веќе обезбедените европски пари за реконструкција на објектот Парк за замислени велосипедски патеки. Ова го сториле без претходно да обезбедат одлука од Советот на Општина Битола како што е предвидено во Законот за локална самоуправа“, обвинија тогаш советниците на СДСМ од Битола.

На втори октомври 2023, мнозинството во битолскиот Совет, советниците од СДСМ, ДОМ, ДУИ и двајца од независната Поинаку, не ја изгласа одлуката, средствата во износ од 400.000 евра наместо за реконструкција на „Парк“ да се пренаменат за реконструкција на тротоарите и воведување на велосипедски патеки на две сообраќајници во градот, „ Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ во Битола.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Битола Велес градоначалници обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.