Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Мунир Колашинац во трка за градоначалник на Град Скопје

0
By НОВА ТВ Balaban on September 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 12:16

Ова е прв самостоен настап на една бошњачка партија на едни избори во Република северна Македонија.

Мунир Колашинац, претседателот на БДС е и официјално кандидат за градоначалник на Град Скопје. По само неколку дена од најавата за самостоен настап на локалните избори 2021 година, денеска на официјална прес конференција беше најавена кандидатурата на господин Мунир Колашинац градоначалник на Град Скопје. Покрај господинот Мунир Колашинац во Град Скопје, Бошњачки Демократски Сојуз, на овие избори ќе настапи со свои градоначалници во Општина Чаир, каде кандидат е Бедро Хот, во Општина Долнени, каде кандидат ќе биде Адмир Ујкановиќ и во Општина Велес, каде кандидат ќе биде господин Семир Алимов, информираа денеска од Бошњачки Демократски Сојуз.

Според претседателот на партијата Бошњачки Демократски Сојуз, и кандидат за Градоначалник на Град Скопје, господин Мунир Колашинац, овие избори ќе бидат вистинска промена на енергијата на Град Скопје.

– Среќен сум што сум денеска овде пред сите вас, и што имам можност да се претставам на граѓаните. Ние сме млада партија, која има голем ентузијазам да делува и да придонесе добро за сите нас во Град Скопје. Доаѓам од бошњачката заедница, но едно знам дека ќе бидам градоначалник на сите. Нашата цел е да прикажеме планови, цели и реализација на истите, да не бидеме во редот на оние кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори ќе настапиме поинаку, ќе настапиме визионерски, и од таму е и нашиот слоган ПОИНАКВО СКОПЈЕ ЗА СИТЕ НАС, изјави Мунир Колашинац, кандидат за Градоначалник на Град Скопје.

Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје најави дека приоритет ќе му бидат неколку клучни проекти и промени за главниот град.

– Како градоначалник на Град Скопје, во нашата програма имаме зацртано неколку клучни проекти, кои се голем и горчлив проблем на Скопјани. Ќе се фокусираме на нашата животна средина, на еколошките проблеми, ќе воведеме ред во сообраќајот, ќе инвестираме во младите и нивниот напредок, ќе ги поедноставиме административните процедури, ќе создадеме површини со кои ќе се гордееме. Ќе посветиме внимание на кејот на Вардар, на  преубавото Водно, на препознатливото Кале,  духот на Скопје нашата старата чаршија и незаменливата Матка. Ќе придонесеме за олеснето движење и достапност на сите знаменитости за лицата со попреченост. Сакаме Скопје да биде вистинска мека за сите. Ќе придонесеме за развој на градот во една поинаква насока, да бидеме горди што сме Скопјани, и да бидеме пример за другите.

Ова е прв самостоен настап на една бошњачка партија на едни избори во Република северна Македонија. Во наредниот период ќе бидат објавени јавно сите наши планови и проекти за кои партијата и кандидатите ќе се залагаат на овие избори. Воедно ја повикуваме целата јавност за една масовна и широка поддршка за нашето Скопје, за нашиот град, кој заслужува да биде поубаво место за живеење. За едно поинакво Скопје за сите нас!

БДС Град Скопје градоначалник Мунир Колашинац
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.