Дојдовме овде во Порто да ја бодриме Македонија, сакаме да покажеме дека граници нема за нас кога се сака татковината, кога сакате да ја бодрите својата земја, сакаме да бидеме позитивен пример за поддршка, изјавија Ѓорѓиоски и  Павловски

Дарко Ѓорѓиоски и Дарко Павловски стасаа од САД во Порто, за вечерва да навиваат за македонската фудбалска репрезентација.

– Дојдовме овде во Порто да ја бодриме Македонија, сакаме да покажеме дека граници нема за нас кога се сака татковината, кога сакате да ја бодрите својата земја, сакаме да бидеме позитивен пример за поддршка, изјавија Ѓорѓиоски и  Павловски.

Тие смениле четири авиони за да дојдат во Португалија.

Павловски веќе шест години живее во Мајами, а Ѓоргиоски пред шест месеци се преселил во Чикаго од Мајами.