Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И невакцинираните може да патуваат во Грција, ако прележале корона од октомври

0
By НОВА ТВ Balaban on June 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 29, 2021 13:33

Сертификатот за прележан  Ковид-19, којшто од денеска може да се издава преку Националниот систем Мој Термин, ќе може да го добијат сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи.

Тоа значи дека и граѓаните кои досега не примиле вакцина против Ковид-19, а ја прележале болеста најмногу пред 9 месеци, ќе може со овој документ, на кој сега е ставен и QR-кодот, да влезат во Грција или во друга земја којашто го признава овој услов за влез.

На пример, лице од земјава кај коешто на 1. октомври минатата година бил дијагностициран Ковид-19, уште утре ќе може да влезе кај јужниот сосед со овој сертификат, бидејќи тогаш изминуваат девет месеци од позитивниот резултат.

Од Мој Термин за НоваТВ потврдуваат:

– Секоја земја ги определува правилата за влез, а за повеќето важи условот да ја имаат прележано болеста во претходните шест месеци, односно 180 дена, но кај некои важи за прележан Ковид-19 и пред девет месеци. Иако во Грција и досега ги признаваа потврдите што ги издаваа матичните лекари. Но некои земји задолжително бараат ваков сертификат. Ние, еве обезбедивме двојазичен  сертификат за прележан Ковид-19 – појаснуваат од Мој Термин.

НоваТВ за ова веќе пишуваше во почетокот на јуни, кога беше најавено дека се чека уште на QR-кодот за да може да се издава ваков документ на граѓаните.

Специјалниот код на Сертификатот при влезот во Грција ќе се скенира за да се потврди валидноста на документот.

Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата вакцинација.мк, а е на македонски и англиски јазик. Документот содржи податоци за лицето, тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.

Другиот документ, Сертификатот за примени вакцини, граѓаните и досега без проблем го добиваат или од матичните лекари или преку веб-страницата вакцинација.мк.

Инаку, правилата за патување во Грција остануваат непроменети и продолжени до 3 јули, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што важи и за државјаните на Северна Македонија.

Задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус. Оние кои патуваат во Грција да не заборават да го пополнат и PLF формуларот и тоа 24 часа пред да тргнат.

Седум земји-членки на Европска Унија од 1 јуни веќе воведоа систем на сертификат за Ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ правилата ќе стапат во сила од јули.

Љубица Балабан

 

 

 

 

QR код девет месеци Ковид-19 Мој термин Националeн систем прележан сертификат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.