НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И ние си имаме Радев

0
By Ана Василевска on August 10, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА

Бидете спокојни, во Македонија нема да има уставни промени.

Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одолева на сите „закани“ што, како аргументи и пораки, стигаат од земјите пријатели на Македонија. Единствените аргументи за кои има слух и им верува се бугарските, зошто може да ги спакува како „диктат“ од Софија, која според него е толку моќна во Европската унија, што ниту еден збор, уверување или гаранција од ЕУ и од САД не вредат како тоа што ќе го каже про-Путиновата бугарска икона, претседателот Румен Радев.
Иако Радев сигурно нема да биде главен на бугарската политичка сцена кога Македонија ќе дојде до тоа да стане земја членка на ЕУ, тоа не е причина ВМРО-ДПМНЕ упорно да го шири и мегаломанизира баукот од неговите нови „услови“ и можните „вета“ во процесот на преговори, дотаму што тврди дека спорот со Софија е многу потежок од тој што го имаше Македонија со Грција, иако ни одзеде три децении.

Ваквите епски патриотски голготи што во континуитет веќе три децении се продуцираат во Македонија одамна се прочитани во јавноста и немаат друга цел освен да го тргнат вниманието од главното прашање што никако да се реши од независноста – ќе бидеме ли ние европска, демократска, правно засновата и уредена држава или ќе бидеме и натаму прчија на локална мафија на која најмалку што ` треба е Македонија да влезе во Европската унија?

Во кој правец оди Мицкоски, се виде наjубаво од средбата со министрите од Вајмарската тројка (Германија, Франција и Полска) на кои експлицитно им прати порака како е позиционирана неговата партија така што ги седна на иста маса со лидерот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ, инаку јавно прокламиран поддржувач на Владимир Путин и Обединета Русија. Попрецизно, на нивните уверувања дека сега е моментот Македонија да направи исчекор бидејќи Европа треба да се консолидира заради војната во Украина, тој им прати порака дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се за Русија, а не за членство во Европската унија. Ваквата симболика беше прочитана од Брисел, по што уследи пораката на евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју дека – некои кај нас само декларативно се залагаат за влез во ЕУ.

Секојдневните детски изговори на Мицкоски зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да стават потпис на внесувањето на Бугарите во Уставот (што патем никој не го сака, но не вреди заради тоа да се загрози европската иднина на Македонија) -зошто не го прашале, кога требале да го прашаат, какви гаранции ни фалеле, зошто тие што ни ги даваат сега не ги ни бара и слично- само потврдуваат дека ова политичка драма нема ништо ни со бугарските закани, ни со уставните промени, туку е уште еден дрзок обид да се заштити и умножи криминално стекнатиот капитал на тие на чии интереси служи ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една мафија досега не сакала членство во Европската унија, па нема ни македонската, особено кога убаво си завладеа со судскиот систем, со економијата, со медиумите, кога си дава тендери на штета на граѓаните, концесии, разноразни дозволи, ДУП-ови, субвенции и слични привилегии, што не се можни во земја ченка на Европската унија.

Заштитата на правото да си ја присвојат докрај државата сега ни го пакуваат како патриотизам поради бугарскиот диктат и, слично како со другите епски патриотски фрази со кои сакаа да нѐ спречат да станеме земја членка на НАТО, сега сакаат да нѐ стават во ситуација сите да почнат преговори со ЕУ а ние не, да не остават на бришан простор на изживувањата на Бугарија на долг рок, Албанија да ни ја направат Запад и да ни ја загрозат помошта од ЕУ, која нема вечно да ни дава пари за да ја поддржуваме Русија и да ја прелеваме на приватни сметки.

Она што не го сфаќаат во ВМРО-ДПМНЕ е дека не може калкулантска партија од ситна држава како Македонија да опструира утврдена геополитика и дека причината за уставните промени е многу поголема од нивните празни дебатирања ќе има или не нови условувања од Бугарија. Поедноставно кажано, македонскиот Радев треба да го проучи европско-американскиот диктат со кој се соочи Софија пред да ја носи одлуката кај нас, што најпластично можеше да се види во протечените списоци кој треба да лета од високите позиции во Софија и каква влада треба да добие Бугарија. Поточно, да се присети дека црните листи стануваат сѐ поцрни и дека сега не само што се замрзнуваат незаконски стекнатите имоти туку и се запленуваат, дека се шири описот на кандидатите за санкционирање, дека САД веќе ни нацртаа што ќе се случи со тие што ги загрозуваат стратешките договори на Македонија, а ЕУ ни посочи дека треба да си ја смениме регулативата за говорот на омразата, со одземање дури и државните дотации на партиите што јаваат на тој бран, место да го зауздаат. Не е далеку ни Косово за да го проучи искуството на Албин Курти кој од сојузник на САД преку ноќ заврши со санкции, со сите последици од таквиот статус за него и за државата.

Дилемата е – каков е тој бугарски диктат што Мицкоски стана поголем Радев од Румен Радев во однос на перспективите на државата? Колкав е и чиј е тој диктат што го тера да се заканува на судии и обвинители, да најавува затвор за пратеници што ќе гласаат за уставни промени, да замолчува новинари што не споделуваат со него исти ставови и генерално да заплашува и да застрашува, за да го спречи донесувањето на клучните одлуки? Дури и да му се поверува во аргументите околу спорот со Бугарија, тешко е по сите политички потези на ВМРО-ДПМНЕ досега, и на власт и во опозиција, да се има доверба во нивното политичко расудување, особено по најкатастрофалната од повеќето катастрофални одлуки досега, да се бојкотира последниот попис во државата чии последици уште долго ќе ги трпиме, покрај изборот на Данела Арсовска.

Извор: Независен.мк

ВМРО-ДПМНЕ Румен Радев Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.