Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И професорите на протест – доцент на скопскиот универзитет зема 30.590 денари плата, ќе пропадне ли јунската сесија?

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 31, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 31, 2022 13:15

Сојузот на синдикати на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) го повика наставниот и ненаставниот кадар, во четврток на 2 јуни во 10 часот пред платото на Ректоратот преку мирен протест да го изразат револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон вработените на скопскиот универзитет, а во врска со непотпишување на колективниот договор и барањето за поголеми плати.

Протестот, како што велат од Синдикатот на УКИМ, е предупредувачки, но ако не им се исполнат барањата, не ја исклучуваат можноста за штрајк во време на јунската сесија со што во неизвесност може да дојде полагањето на студентите на скопскиот универзитет.

Потпшување на колетивниот договор со четиригодишни проекции за покачување на платите, односно 25 отсто на годишно ниво во наредните 4 години е барањето на синдикалците кои велат дека се принудени да излезат на протест затоа што повеќе од една година во Владата нема слух за подобрување на општествениот статус на наставниот и на ненаставниот кадар на УКИМ.

– Платите на вработените на најстариот, најголемиот и најдобриот Универзитет се исклучително ниски и се неколку пати помали во споредба со платите на универзитетите во регионот. Просечната плата во државата надмина 31.000 денари, а платата на доцент изнесува 30.590 денари. Со децении наназад платите на редовните професори беа на ниво на судиите, на јавните обвинители, а сега се двојно пониски. Тоа се однесува и на платите на ненаставниот кадар во однос на другите јавни дејности, велат од Синдикатот на скопскиот универзитет.

Државата за редовен професор одвојува 39.000 денари, а тоа, како што потсетуваат во синдикатот, е највисокото звање на универзитетот. За споредба платите на редовните професори на универзититетите во регионот, вели за Нова професорот Ангел Ристов, претседателот на Синдикатот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, се многу повисоки. На Косово тие изнесуваат 1.500 евра, во БиХ 1.7000 евра, во Србија околу 1.900 евра, платата на хрватските редовни професори изнесува над 2.000 евра.

Последното истражување на платите на вработените во јавните универзитети покажа дека на УКИМ речиси една третина од редовните професори (31 отсто) земаат помалку од 40.000 денари, односно 16 отсто од професорите земаат плата до 38.000, а 15 отсто меѓу 38.000 и 40.000. Највисок процент (45 отсто) на УКИМ се со примања од 40.000 до 50.000, 13 отсто земаат меѓу 50.000 и 60.000 денари, а само 11 отсто од вработените на скопскиот универзитет примаат плата над 60.000 денари.

Синдикатот за своите барања и незадоволство реагирал и со писмо до премиерот Ковачевски, до министерот за финасии Бесими и до Џафери, претседателот на Собранието, но и по три месеци од нивната реакција, велат дека не добиле одговор.

– Науката е водечка сила во државата, се надеваме дека надлежните ќе одговорите на нашите барања за зголемување на платите како движечка сила во општеството и како креатори на иднината на младите. Во спротивно членството е подготвено своето незадоволство да го изрази со одржување на мирен протест или штрајк во јунската испитна сесија, порачува професорот  Ристов, претседателот на Синдикатот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

С.М.

 

плати професори УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.