Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили најави план за враќање дома во претстојниот викенд, во кој ќе се одржат локални избори, за да помогне во „спасување на земјата“ и повика на пост-изборни улични протести.
Саакашвили, кој е во Украина, рече дека планира да се врати во сабота, и покрај тоа што му се заканува затвор поради обвинувања за кои тврди дека се политички мотивирани.
Се решава судбината на Грузија, во прашање е опстанокот на Грузија и затоа купив авионски билет за 2 октомври за да бидам со вас и да ја заштитам вашата (политичка) волја, да учествувам во спасувањето на Грузија, рече Саакашвили.
Тензиите меѓу владеачката партија „Грузиски сон“ и опозицијата поддржана од Саакашвили нагло се зголемија по парламентарните избори во минатата година за кои опозицијата тврдеше дека биле наместени.
Меѓународните набљудувачи тогаш рекоа дека основните слободи во голема мера се почитувале.