Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ибрахимовиќ: Ако сакам ќе играм со Шведска на СП 2018

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Златан Ибрахимовиќ во нему својствен стил го коментира евентуалниот настап со репрезентацијата на Шведска на Светското првенство во Русија. Пред медиумите во САД, каде наодамна потпиша за екипата на Лос Анџелес Галакси, јасно порача дека може да се стави на располагање на селекторот Јане Андерсон, но само доколку самиот сака.

„Секој ден ме бараат од Шведска и ме прашуваат како се чувствувам, што сакам и за што размислувам. Меѓутоа ќе одам чекор по чекор. Ако сум добро и ако бидам во состојба да го работам тоа што можам, тогаш вратата во репрезентацијата е отворена. Таа одлука не зависи од никого освен од мене. Ако сакам да бидам на мундијалот ќе бидам, ако не сакам нема да бидам“, истакна шведскиот напаѓач кој се збогува со репрезентативните настапи во 2016 година.

Шведска обезбеди место на СП 2018 во Русија преку бараж двомеч со Италија. Првиот меч на „Френдс арена“ во Солна, предградие на Стокхолм заврши без голови, а победник немаше ниту во реваншот на Апенините (1:1), но поради постигнатиот гол во гости, Скандинавците се промовираа во мундијалски учесници ова лето.

Ибрахимовиќ, кој одигра 116 меча за Швеѓаните што ги зачини со 62 гола, мака мачеше со повреди во изминатиот период. Сега, се чини, проблемите се надминати, голгетерот е опоравен и направи трансфер во „галакси“. Тоа беше повеќе од доволна причина за гласишта на европскиот север дека би можел да направи кам-бек во „сино-жолтиот“ национален тим на турнирот во Русија каде Шведска ќе игра во група Ф со Германија, со Мексико и со Јужна Кореја.

Златан Ибрахимовиќ СП 2018 фудбал Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.